Централната банка на Турција ја задржа референтната каматна стапка на 50 отсто


 Централната банка на Турција (ТЦМБ) денеска одлучи, осмипат по ред, да ја задржи референтната каматна стапка на 50 проценти. Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата. Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се […]

„Кога ги приведуваат квичат како свињи“: Александар Вучиќ за протестите низ Србија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија сме сведоци на „брутални изливи на насилство“ и им упати поддршка на новинарите на таблоидот „Информер“, најавувајќи гостување на Радио телевизија на Србија (РТС) и рече дека оваа телевизијата е најодговорна за поддршка на насилството. „Почитувани граѓани на Србија, со денови сме изложени на […]

Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад. И Горан Весиќ е меѓу нив


  Поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Вишото јавно обвинителство соопшти дека имало детална анализа на целата потребна документација, извршени се разговори со поголем број граѓани, како и дека е извршено вештачење за да се утврдат причините и околностите под […]

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели


Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, утринава околу 3 часот и 5 минути во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ. „Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на […]

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад


Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета. Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски […]

Бугарија и Албанија сакаат забрзана реализација на Коридорот 8


Министерот за надворешни работи Иван Кондов во рамки на учеството на министерскиот состанок на земјите членки на Централноевропската иницијатива во Тирана оствари билатерална средба со Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.  Од албанска страна било искажано признание за доследната поддршка на Бугарија за процесот на приклучување на Албанија во ЕУ. […]

Вее во Србија: Снег ги покри патиштата (видео)


На планината Тара во Србија падна големо количество снег, но и на Златибор. Големо количество снег падна во месноста Калуџерски бар на Тара, а како што можете да видите на видеото, снегот сè уште вее. На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да возат внимателно. Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно денеска предупреди дека […]

Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени


Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за […]

Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен


Ирина Боровиќ, бранителот на Миљана и Владимир Кечмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиштето, изјави дека малолетникот од денеска има статус на жртва во судската постапка против неговите родители. Како што беше кажано, момчето убиец добило статус на оштетен бидејќи неговите родители биле обвинети за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, […]

Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност


Додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинтелството, опозицијата во Белград паралелно има протест и блокада на стариот Савски мост, а најавена е и блокада на Бранков мост. Претседателот Вучиќ за денес на пладне најави седница на Советот за национална безбедност, без да го посочи поводот за […]

За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП


  Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека ја назначил Радмила Шекеринска за втор човек на Алијансата, во истиот ден се најде нова работа за нејзината главна противкандидатка, Бугарката Марија Габриел. Европската народна партија (ЕПП) вчера попладне на Икс соопшти дека Марија Габриел е избрана за претседател на Институтот „Роберт Шуман“. Институтот нуди […]

Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“


Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска. Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други. Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и […]

Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати


Работниците ширум Грција рано утринава започнаа 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на масовниот протест организиран од синдикатите за да протестираат против економските политики на владата, јави ДПА. Синдикатите бараат итна акција за справување со инфлацијата, платите што стагнираат и несоодветните социјални бенефиции. Училиштата, градинките и владините канцеларии се целосно затворени, додека државните болници ќе работат со […]

Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд


Специјалниот апалециски суд против организиран криминал и корупција во Тирана , го отфрли барањето за поблаги мерки, со што поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор. Судот исто така ја потврди и мерката ” обврска за јавување” за неговата сопруга, со која се во процес на […]

Трет меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ од 22- 24 ноември во Белград


 Српската Влада соопшти дека Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем, јави дописникот на МИА од Белград. -За време на тридневниот саем Винска визија, Белград ќе собере повеќе од 650 изложувачи од бројни винарии, дестилерии […]

Радев повика на разум: Шампиони сме по кризи, ни треба влада


„Ние веќе сме шампиони по секакви кризи, но очекувам дека навистина ќе има повеќе разум. Јасно е во каква ситуација е државата и сите политичари се свесни за тоа и каква е ситуацијата околу нас за да имаме работно решение, а не да одиме кон нови избори, бидејќи партиите како да забораваат на нивната главна […]

Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад


Републички опозициски и покраински пратеници, заедно со опозициските градски советници, утринава пред осум часот почнаа да ја блокираат зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, со цел да побараат ослободување на политичарите и активистите кои беа затворени за време и по протестот за паѓањето на настрешница во Нови Сад, јави дописникот […]

Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус од 100 до 150 евра


Албанскиот премиер Еди Рама денеска, објави,  како што ја нарече, одлична вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите. За таа цел, додаде, владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра. -Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите […]

Грција планира да исплати најмалку пет милијарди евра јавен долг во 2025 година


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција планира да го забрза отплатата на својот јавен долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра долг настанат за време на должничката криза. На состанокот организиран од Блумберг тој посочи дека тоа треба да биде последниот знак за економскиот пресврт на земјата. „Неуморно сме […]

Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата


Тежок инцидент попладнево го потресе главниот град на Албанија, каде 14-годишно момче почина од убод со нож, по расправија во која се повредени две а едно е приведено во полиција. -Инцидентот се случил во близина на 9-годишното училиште „Фан Ноли“, при што учениците кои се врсници, се степале по завршување на наставата. Првичните информации говорат […]