Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите: „Со вас сум“


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по повод протестите и блокадите на студентите и учениците низ Србија. „Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што […]

Градоначалник организираше наградна игра – кој ќе погоди кој ќе пее за Нова година, оди на вечера со него


Градоначалникот на Бјелина Љубиша Петровиќ ги покани граѓаните на Фејсбук да учествуваат во наградната игра. Правилата на наградната игра се едноставни: кој ќе го погоди изведувачот кој ќе ги забавува граѓаните на Бјелина за православната Нова година, ќе добие вечера со градоначалникот. „Традиционална лотарија. Почнува празничната сезона, време е да го тргнеме умот. Следниве стихови […]

Вучиќ не коментира дека во следните два месеца ќе поднесе оставка


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ не сакаше да ги коментира наводите на дел од српските медиуми кои објавија дека би можел да поднесе оставка во следните два месеца. „Не сакам да коментирам, особено не во овој момент. Ќе разговараме за тоа во наредните денови“, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел, каде што учествуваше на […]

Поради високо ниво на пестициди земји oд ЕУ вратиле назад во Албанија пратки со мандарини


 Европскиот систем за безбедност на храната го вклучи алармот за испораките со  мандарини кои доаѓаат од Албанија, објави „Топ чанел“. Според истиот извор во последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, „земји кои увезуваа овошје од нашата земја, по направените анализи го  отфрлија албанското производство од нивните граници”. -Мандарините содржат остатоци од неколку супстанции […]

Метрото во Солун се расипа само две недели по отворањето, патниците пешачеа низ тунелите


Во  Солун, на 30 ноември официјално беше отворено новото метро, ​​кое се наоѓа во непосредна близина на археолошки локалитети од византиската и римската ера. Најавено беше дека патниците пред да се качат во возот ќе поминат низ подземен музеј со археолошки артефакти, што би го направило овој проект единствен во светот. Но, тоа не се […]

Трамп испраќа историчарка на уметност за амбасадор во Загреб


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Никол Мекгро, дипломирана историчарка на уметност, ќе биде новиот американски амбасадор во Хрватска. „Никол е филантроп, посебна жена и светски познат колекционер на уметнички дела. Таа ја отвори својата прва уметничка галерија во Палм Бич Гарденс во 2006 година и оттогаш изгради глобална база на клиенти, како и […]

Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен


Белград – Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година. „Од 1 јануари 2025 година, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција. […]

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спорт


 Спортот како поправна мерка за малолетниците на возраст од 12 до 18 години, осудени за блага деликвенција ќе се користи во Грција, а децата ќе бидат вклучени во аматерски спортски клубови во Грција со цел нивна интеграција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за иновативна мерка презентирана од надлежните грчки министри за спорт […]

Евробарометар: Хрватите се пооптимисти, но загрижени за инфлацијата и пензиите


Бројот на Хрватите незадоволни од својот живот е речиси преполовен во изминатите 10 години, покажува истражувањето на Евробарометар според кое најголеми тешкотии за хрватските испитаници се инфлацијата, состојбата на економијата и пензиите, јавија хрватските медиуми. Истражувањето, нарачано од Европската комисија и спроведено помеѓу октомври и ноември 2024 година, покажа дека 81 отсто од хрватските испитаници […]

Вучиќ им читаше прописи и им делеше задачи на министрите на седница на владата


  Студентите можат да протестираат додека сакаат, средношколците не. Вака претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гледа на актуелните блокади на српските универзитети. Тој повторно беше гостин на седницата на Владата на Србија. И повторно гостинот се однесуваше како домаќин. Издадени инструкции, читање прописи и делегирани задачи, јавува Н1. Пред седницата го пречекаа оние за кои […]

Димна бомба фрлена во црногорскиот парламент, опозицијата обвинува за „уставен пуч“


 На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна […]

Во своите заклучоци за БиХ, Европскиот совет им даде предност на граѓаните пред конститутивните нации


Европскиот совет на денешната седница донесе заклучоци кои се однесуваат на земјите од Западен Балкан, а еден од овие заклучоци е индикативен во контекст на позицијата на Босна и Херцеговина (БиХ). Што се однесува до Босна и Херцеговина, освен задачите што треба да се извршат за усвојување на преговарачката рамка и отворање на преговорите со […]

Нуклеарната централа Кршко ќе го надмине планираното производство во 2024 година


Нуклеарната електрана Кршко (НЕК) ќе го надмине планираното производство за оваа година од 5,453 милијарди киловат часови електрична енергија, соопшти НЕК. Во годината кога се одбележува 50-годишнината од поставувањето на камен-темелникот, досега се произведени повеќе од 220 милијарди киловат часови. При редовниот пролетен ремонт и замена на горивото беа извршени сите планирани одржување, мониторинг тестови […]

Турција ќе добие уште една милијарда евра од Европската унија за сириските бегалци


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уште една милијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во Турција. „Оваа сума треба да се додаде на сумата од речиси 10 милијарди евра што Анкара веќе ја има добиено од 2011 година за да им помогне на […]

ЕУ испраќа писмо до Србија да ја објасни својата позиција за кластерот 3


  Советот за општи работи на Европската унија  го одобри писмото со кое ја поканува Србија да ја достави својата преговарачка позиција за отворање на кластерот 3 во пристапните преговори, објави во вторникот унгарското претседателство. Одлуката е донесена на состанокот на министрите одговорни за европски прашања. Писмото упатено до Србија се однесува на поглавје 16 […]

Уапсена за ужасите во Нови Сад, сега го „потопи“ министерот – „Сѐ договори со Вучиќ“


Осомничената вршител на должноста директор на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, на распит во обвинителството, сета одговорност за проектот на железничката станица во Нови Сад, според документите што ги видела „Нова економија“, ја префрли на поранешниот министер Горан Весиќ. Танасковиќ во сведочењето пред обвинителот тврдеше дека Весиќ инсистирал тој да ги води сите проекти […]

Собранието на Војводина ги исфрли новинарите за да се гласа за буџетот


  Во тензична атмосфера денеска беше изгласан експресно и без расправа буџетот на Собанието на Војводина, по што опозицијата најави дека ја напушта салата поради несогласување и ќе им се придружи на студентите кои протестираат, јавија српските медиуми. Новинарите не можат да присуствуваат на седницата бидејќи не им дозволува обезбедувањеето и тие се во холот […]

Српскиот премиер Вучевиќ: „Србија не смее да запре ни поради 15 или 1.555 мртви“


  Српскиот премиерот Милош Вучевиќ во гостувањето на ТВ Прва изминатиот викенд изјави дека „Србија не може да се урива или запира поради 15 или 1.555 мртви“. „Како папагали повторуваат дека загинале 15 луѓе, па мораме сега сето тоа да го урнеме. Па не е точно, па не можеш да го урнеш поради 15-те загинати. […]

Србија: Синдикатите во образованието одлучија наставниците да не работат в петок – солидарност со студентите


Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените  да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштението, јавија српските медиуми „Во исто време, нашите претставници ќе ги посетуваат студентите на универзитетите и ќе им доставуваат храна и […]

Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ


Белград – Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за нејзината подготвеност за следната фаза од пристапниот процес, пренесоа српските медиуми. „Гледаме дека нема доволно напредок во областа на владеењето на правото во Србија, гледаме недоволен […]