Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“. – Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за […]

На распит во СПАК градоначалникот на Тирана Ерион Велиај


 Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска беше во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, кое против него води истрага „за пасивна корупција “. Според албанските медиуми Велиај по сослушувањето кое траело пет часа, на излегување од обвинителството избегнал да даде изјава. -За разлика од пролетта, кога се задржа повеќе од 7 часа, за случајот […]

Трет ден се трага по исчезнатиот метеоролог во БиХ : Погледнете од каде тргнал


Потрагата по исчезнатиот метеоролог на Бјелашница сѐ уште не дава резултати, бидејќи трет ден мораше да се откаже поради многу лошите услови на оваа планина. Припадниците на Планинската спасувачка служба (ГСС) на кантонот Сараево ја завршија денешната потрага. Исчезнатиот, 46-годишен метеоролог тргнал од оваа точка кон опсерваторијата. Како што беше кажано претходно, тој се јавил […]

Вучиќ тврди дека светски сили стојат зад студентските протести: „Љубоморни се“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека студентските протести во неговата земја всушност не се студентски протести и дека имаат поддршка од надвор, а една од причините зошто се случиле е неговото противење на усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница во ОН. Српската напредна партија синоќа во Сава центарот во Белград одржа трибина „Иднина, […]

Белград ги заменува тролејбусите со електрични автобуси


Советниците на градското собрание на Белград донесоа одлука за замена на постојните тролејбуски линии со електрични автобуски линии. Советниците на градското собрание на Белград денеска ја донесоа Одлуката за усвојување на самоиницијативниот предлог на проектот за јавно-приватно партнерство за вршење на комунални дејности на градскиот превоз на патници на територијата на град Белград, односно за […]

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор


Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица. Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години […]

Политички раскол во Црна Гора: претседателот Милатовиќ против премиерот Спаиќ


  Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, на платформата икс ја потврди разделбата со премиерот Милојко Спаиќ и државата влезе во голема поделба во највисоките ешалони на власта. „Неодамнешните настани во Црна Гора за жал укажуваат дека доминантниот карактер на актуелната влада е антицрногорска и антиевропска и дека тоа се рефлектира во антиуставни дејствија, глорификација […]

Во БиХ се трага по метеоролог кој исчезна на Бјелашница


Вчера во Бјелашница исчезна 46-годишен вработен во Метеоролошката станица. Целодневната потрага синоќа беше привремено прекината поради тешките временски услови, а продолжи утрово во 9 часот, јавуваат босанските медиуми. Последната комуникација со Коњичанецот била извршена вчера околу 11 часот. Два часа подоцна бил пријавен за исчезнат, откако не им одговорил на колегите на телефон. Вработен во […]

Снег и силен ветер го блокираат сообраќајот во Босна и Херцеговина


Сообраќајот во БиХ сè уште е во прекин на неколку патни правци поради големото количество снег, додека дополнителен проблем претставува и силниот ветер. На следните патни правци сообраќајот е целосно запрен за сите категории возила: Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровец,Дрвар-Гламоч, Сански Мост-Клуч, Купрес-Ново Село, Котор Варош-Теслиќ (Борја), Бања Лука-Кнежево и Бихаќ-Босански Петровец-Клуч. За возила над 10 […]

Словенија забрани величење на четниците и усташите


Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот. -Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во […]

Некои градови во Србија ги откажаа новогодишните прослави на плоштадите поради трагедијата во Нови Сад


Голем број градови и општини во Србија оваа година решија да ги откажат новогодишните прослави на јавните плоштади како знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во Нови Сад, кој се случи на 1 ноември. Тогаш, по уривање на покрив на железничката станица, животот го загубија 15 лица, а две беа тешко повредени, пишува […]

Прва жртва на невремето во Србија – снегот прави хаос на Балканот


  Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи  во Смедерево, при судир на патничко возило и камион цистерна. Во сообраќајката, загина млад човек, а  е предизвикана од неисчистени коловози од снег, кој цело деноноќие паѓа во делови од соседна Србија. Истрагата е во тек, полицијата е на лице место, а сообраќајот е во […]

Опозициските советници во Крагуевац молчеа на 23-часовна седница


 Во српскиот град Крагуевац, поради молчењето на опозициските советници и прекинот на струјата во салата, седницата на Градското собрание, која почна вчера во 9 часот, заврши утринава околу 8 часот, пренесува Бета. Опозициските советници одлучија времето за говор да го искористат за молчење на говорницата, бидејќи о дневниот ред не беа вклучени точки за поддршка […]

Најмалку 12 загинати во експлозија во фабрика во Турција


Најмалку 12 лица загинаа откако избувна пожар по експлозија во фабрика за производство на експлозиви во Турција. Службите за итни случаи се на самото место во фабриката за експлозиви во областа Кареши во Баликесир. Според достапните информации, експлозијата се случила во фабриката за производство на муниција ЗСР, а од експлозијата зградата се урнала. Во моментов […]

Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно


Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и Србија.  Снегот и ветерот предизвикуваат големи проблеми на хрватските патишта, а според најавите на метеоролозите, до крајот на денот се очекуваат уште посериозни временски непогоди. Поради ветерот и наносите снег, за сообраќај се затворени автопатот А1 Загреб-Плоче-Караматичи меѓу јазлите Свети Рок и […]

Бошко Јакшиќ за големиот протест во Белград: Раѓање на новото во времето на чудовиштата


  Енергијата и барањата на студентите се нешто на што владата не знае како да одговори, вели познатиот српски новинар Бошко Јакшиќ. „Ова време во кое живееме одговара на описот даден од италијанскиот филозоф и политичар Антонио Грамши – ‘додека старото умира, а новото не може да се роди, започнува времето на чудовиштата’. Она што […]

Голем број граѓани маршираат низ Хрватска: „Нападот врз вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент!


Педесет здруженија и мрежи, меѓу кои Центарот за мир, ГОНГ и Форумот за слобода на образованието, се приклучуваат на маршот за безбедно училиште во Загреб, Осиек и други градови, повикувајќи на акции за безбедност во училиштата по повод трагичниот настан во ОУ Пречко. Организациите повикаа на масовно учество на парадата која започна во Загреб во […]

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот, во Словенија го попречува спасувањето на двајца планинари


Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца планинари изгубени на Алпите. Како што пренесува Бета, според прогнозите, невремето се движи кон Србија и метеоролозите ги предупредуваат луѓето во западниот дел […]

За десет месеци Грција од туризам заработи над 20 милијарди евра, ја посетиле над 33 милиони туристи


За 9,2 проценти е поголем бројот на туристи што ја посетиле Грција во периодот од јануари до октомври годинава, споредбено со лани, а приходите се зголемиле за 5,5 отсто, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За десет месеци, Грција ја посетиле 33,8 милиони туристи, а приходите за земјата […]

Невреме во Албанија, забранета пловидбата, во Тирана паднати дрвја, на повеќе места обилни снежни врнежи


 Албанија ја зафати невреме проследено со силен ветер, обилни дождови, а во северните делови и обилен снег, каде дебелината на снежната покривка е над 15 сантиметри, а во одделни планински места таа е и повисока. Обилен и интензивен дожд и силен ветер има во Тирана, каде паднаа и дрвја, одрони од камен и земја има […]