Тинејџери запалиле фабрика во Крушевац – снимале со телефоните, а целиот објект изгоре (видео)


Голем пожар синоќа избувна во фабриката ФАМ во Крушевац. За подметнување на пожарот се осомничени двајца петнаесетгодишници и еден четиринаесетгодишник. Припадниците на МВР во Крушевац против тројцата ќе поднесат кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Крушевац, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност, по соопштение од Министерството за внатрешни […]

Српската Влада го усвои предлог-законот за поддршка на млади да купат свој прв недвижен имот


Српската Влада денеска го усвои Предлог-законот за воспоставување гарантна шема и субвенционирање на дел од каматата за поддршка на младите на возраст од 20 до 35 години за купување на нивниот прв недвижен имот, со аванс од еден процент. Тој заем може да го побараат постојано вработени, земјоделци, самовработени даночни обврзници и независни уметници, додека […]

Изгласана новата бугарска влада


  Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељасков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани. Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада. Владата на Жељасков […]

Еврокомесарката Кос во посета на Црна Гора


 Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со претставници на црногорскиот државен врв. Од Европската комисија е соопштено дека Кос ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ и претседателот на Парламентот, Андрија Мандиќ. Кос ќе се обрати […]

Кристофер Хил навредуван на кошаркарски натпревар на Црвена звезда


Kошаркарите на Црвена звезда беа поразени од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во арената во Белград, но, натпреварот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја. Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со […]

Студент се закани дека ќе пука – откажана наставата на факултет во Сплит


Наставата за студентите на сите катедри на Филозофскиот факултет во Сплит беше откажана поради истрага за инцидентот што се случи доцна вчера. На социјална мрежа, во група со неколку членови, студент на тој факултет напишал дека ќе изврши „school shooting“ (пукање во училиште) врз студенти, професори и факултетски кадар, пренесува Јутарни лист. Содржината на неговата […]

Потрагата по детето во Сава продолжи утрово


Потрагата по детето во реката Сава продолжи и утринава. Во потрагата учествува и специјалистичкиот тим за спасување вода на хрватскиот Црвен крст, соопшти Црвениот крст. Тимот на Црвениот крст вклучува шест спасувачи кои го пребаруваат Сава во координација со другите служби за итна помош. Спасувачите на Црвениот крст користат два брода во потрагата – чамец […]

Прекината е потрагата по девојчето во реката Сава во Загреб


Водачот на нуркачкиот тим потврди дека е прекината потрагата по тригодишното девојче чија мајка, според пријавата добиена во полиција, попладнево го фрлила во реката Сава. „За денеска е прекината потрагата по исчезнатото девојче поради тешките временски услови и темницата“, изјави Дражен Павлиќ, предводник на нуркачкиот тим на Јавната противпожарна станица на градот Загреб. „Условите се […]

Огромна потрага по 3-годишно девојче во Загреб – мајката влегла во Сава со неа


Бројни полициски сили се меѓу Јадранскиот и Јанкомирскиот мост во Загреб, а во тек е голема потрага по дете во реката Сава. Мајката нешто по 16 часот пријавила во полиција дека влегла во Сава со своето дете. На мајката ѝ е укажана лекарска помош, а по детето се врши интензивна потрага. „Денеска околу 16 часот […]

Хрватскиот ќе ја проширува листата производи со ограничени цени за да се зачува стандардот на граѓаните


Владата во Хрватска планира да ја прошири листата на производи чии цени ќе бидат ограничени и ќе продолжи да се грижи за стандардот на граѓаните, најавија денеска премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за економија Анте Шушњар. – Ќе ги прошириме мерките за производите кои ќе имаат ограничени цени, а поголема улога ќе имаат и Државниот […]

Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите


Професорите, соработниците и истражувачите од Универзитетот во Ниш денеска на пленум едногласно одлучија да штрајкуваат додека не се исполнат барањата на студентите кои ги блокираат факултетите во четири универзитетски градови во Србија. Како што објави нишкиот портал „Јужне вести“, учесниците на пленумот на вработени на Универзитетот во Ниш повикаа на итен прекин на насилството врз […]

Жељасков прифати да биде мандатар на новата бугарска влада


  Росен Желјасков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група ГЕРБ, денеска прифати да формира влада, по предвремените избори во октомври. Тој пред претседателот на Бугарија, Румен Радев, го претстави предлог составот на својот кабинет. Радев уште денеска ќе го достави до парламентот за изјаснување. „Целта на нашите консултации беше да се постигне поширок […]

Пожар во градинка во Белград: Евакуирани деца и вработени


Пожар во градинка во Земун, во Блеград, избувнал нешто по 13 часот и 30 минути кога се затнала цевка од котлара низ која тече нафта, потврдија за Танјуг од МВР. Како што се наведува, од котларата излегувал чад, но немало отворен пламен. На лице место пристигнала и противпожарната единица, а децата и вработените се евакуирани. […]

Бугарија добива трампистичка влада, велат аналитичарите


  На бугарската јавност ѝ олесна затоа што по долга криза државата конечно ќе доби редовна политичка влада. За познатиот социолог Андреј Рајчев, предложениот кабинет е „идеална центристичка влада, за која треба да му се честита на Бојко Борисов“. „Во земјата се случува многу голем настан“, изјави за Бугарското национално радио основачот на Галуп интернешнал […]

Трета болница во Србија забрани посети: Се воведуваат екстремни мерки поради истата инфекција


Во Општата болница во Пожаревац од денеска се забрануваат посети на приковани пациенти, со цел да се спречи ширење на респираторни инфекции. Секој работен ден, во периодот од 14 до 16 часот, семејствата можат да донесат и да му предадат пакет за пациентот на работникот за обезбедување во прифатно-ургентната служба. Консултации со лекарите за здравствената […]

Земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија. Потресот се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.   Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Бугарија в четврток конечно ќе добие политичка влада


  По долги преговори неколку неочекувани партнери успеаја да ја формираат новата влада на Бугарија. Претседателот Румен Радев утре напладне треба да му го предаде мандатот на Росен Желјасков од ГЕРБ, а кабинетот треба да го сочинуваат претставници на партијата на Бојко Борисов, Бугарската социјалистичка парти (БСП) и Има таков народ на Слави Трифонов. Последната […]

Бугарија: Партијата на Кирил Петков осудена на маргинализација?


  Невозможно е трајно решение на политичката криза во Бугарија без учество на коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија, дури и ако без неа треба да се формира редовна влада. Таа ќе биде непопуларна во коалицискиот и кадровскиот состав и нестабилна во начинот на функционирање, без разлика колку долго ќе владее, пишува Веселин Стојнев […]

Во Бугарија врие од руски компании и нивниот број расте


Бројот на компании со над 40% руско учество во Бугарија е значително зголемен во последните месеци. Ова се знае од извештајот подготвен по барање на пратеникот од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ Мартин Димитров од Министерството за правда, пишува „Сега“. Од 3 јануари има речиси 13.000 компании со значително руско учество, иако Путин ја […]

Вучиќ предлага референдум за негова смена


Српскиот претседател Александар Вучиќ проговори за можноста за референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали треба да остане или да си оди од функцијата. „Објективниот и непристрасен CRTA ја извести јавноста дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница ниту за политичките партии во Србија, од оваа […]