(Видео) Студентите во Белград објавија документарен филм за тоа што одекна за време на молкот на протестот


 Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, кои со месеци се на протести, објавија нов документарен филм наречен „Дванаесеттата минута“ на нивниот канал на Јутјуб. „Како властите ги заплашуваа сите пред најголемиот протест во историјата на Србија, на 15-ти март, што беше измислено, што беше реално и, се разбира, што одекна – погледнете […]

Во јануари годинава бројот на туристи во Грција се зголемил за 11,4 отсто


Бројот на посетители на Грција во јануари годинава се зголемил за 11,4 отсто споредено со истиот период лани, а зголемување за 7,5 проценти има и во приходите од туризмот во конкретниот месец, согласно податоците на Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во јануари 2025 година, Грција ја посетиле 821.600 туристи, а пристигнувањата […]

БиХ под закана од поплави – непрекинато врне, а реките се надојдени


Поради обилни врнежи на повеќе места низ Федерацијата Босна и Херцеговина, сообраќајот на одредени делници е во прекин. Таков е случајот со Маглај, каде сообраќајот под градскиот мост е во прекин поради покачувањето на нивото на реката Босна. Објавено е и портокалово временско предупредување за неколку области поради прогнозирани врнежи, вклучително и Сараево, Тузла, Ливно… […]

Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ


Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми. Налогот за апсење е внесен во системот на Интерпол, а моментално се чека потврда од Генералниот секретаријат на Европол во Лион. Канцеларијата на Интерпол во […]

Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган


 Градскиот совет на Истанбул, каде што опозициската Републиканска народна партија има мнозинство, денеска избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу беше приведен под обвиненија за корупција што тој и неговите поддржувачи ги негираат. Градскиот совет, кој брои 314 членови, го избра Нури Аслан за привремен градоначалник со 177 гласа. […]

Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон


Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика. Во интервју за новинската агенција Jewish News Syndicate (JNS), објавено денеска, Додик ја спореди својата ситуација со онаа на израелскиот […]

ЕУ почна да го критикува Вучиќ


  По неколкумесечни протести во Србија, кои соборија рекорди, ЕУ конечно го прекрши молкот – нудејќи ретка, но одмерена критика за Белград, пишува бриселски „Политико“. „Земјата мора да спроведе реформи за пристапување во ЕУ, особено да преземе решителни чекори кон слободата на медиумите, борбата против корупцијата и изборните реформи“, напиша во вторникот вечерта претседателката на […]

Данка Илиќ исчезна пред една година, случајот стана регионална мистерија: Ова се две клучни прашања


Помина една година од исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор, Србија. Јавноста во Србија и пошироко се уште чека на клучни одговори. И по една година телото на девојчето никогаш не било пронајдено. Освен тоа, на местото на злосторството нема никакви биолошки траги од неа. Ова се две клучни прашања […]

Ердоган се правда: Имало документи за криминал на градоначалникот на Истанбул


Членови на највлијателната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) доставија документи кои се основа за истрага за корупција и криминални активности на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е од нејзините редови, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во своето обраќање тој ја обвини опозицијата за вандализам на улиците и напади врз полицијата. „Никогаш […]

Зелено светло од Министерството за енергетика на Грција за истражување за природен гас јужно од Крит


Министерството за енергетика и животна средина на Грција го прифати изразениот интерес од американската компанија „Chevron“ за вршење истражување за јаглеводороди во два блока во морскиот дел јужно од островот Крит, соопштија од Министерството, што според нив е „уште една важна разврска што ги зајакнува напорите на земјата за искористување на националните енергетски ресурси“, јави […]

Умерен земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 8.08 часот во Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за […]

Америка загрижена од апсењата и протестите во Турција


Вашингтон – Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент. Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотираше неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабри натамошното посилно […]

ЕУ за една недела ќе го прогласи „Јадар“ за стратешки проект вон Унијата, тврди српскиот претседател


Проектот за ископ на литиум Јадар во Србија, Европската унија ќе го прогласи  како нејзин стратешки проект надвор од ЕУ за седум или осум дена. Такво тврдење денеска од Брисел упати претседателот на таа држава Александар Вучиќ, јави МИА од Белград. По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот […]

„Не е употребен звучен топ“: Вучиќ на работна вечера со Фон дер Лајен и Кошта


  Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Брисел изјави дека ги известил највисоките претставници на Европската унија дека на протестот во Белград на 15 март не бил употребен звучен топ и дека српските власти се подготвени Брисел да го провери тоа. По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот […]

Во Албанија минатата година странските инвестиции достигнале рекордни 1,58 милијарди евра


Странските директни инвестиции во Албанија минатата година забележаа рекорден износ од 1,58 милијарди евра, со раст од 92 милиони евра или 5,6 отсто во однос на претходната година. Според податоците на Централна банка на Албанија, во вкупните странски инвестиции и натаму води секторот недвижности, со 379 милиони евра, потоа ископ на руда со 214 милиони, […]

Србија има рок од седум дена да одговори дали имало звучен топ на протестите


Европскиот суд за човекови права и даде рок на Србија до 31 март да одговори за евентуалната употреба на звучно оружје на протестот во Белград на 15 март, јави МИА од Белград. Тоа се наведува во соопштението на граѓанските организации во Србија, откако Европскиот суд побара одговори од Република Србија. „Нашата држава доби рок до […]

Турски новинарски и писателски здруженија бараат ослободување на приведените новинари


Анкара – Турски новинарски здруженија и синдикати повикаа на итно ослободување на новинарите уапсени за време на протестите во Истанбул, јавува опозициското издание „Биргјун“. Повикот е упатен на заедничка прес-конференција организирана од професионални здруженија на новинари, издавачи и писатели, меѓу кои: Здружението на новинарите на Турција (TGC), Синдикатот на новинарите на Турција (TGS), Синдикатот на издавачите […]

Ненадејно отповикана српската амбасадорка во Загреб


  Српската амбасадорка во Хрватска Јелена Милиќ, денеска ненадејно беше отповикана од нејзината функција без објаснување. Таа во последните месеци ги полнеше извештаите на медиумите во Хрватска со инциденти. Хрватските медиуми нашироко пишуваа за неа во јануари, кога демонстративно го напушти традиционалниот божикен дочек на Српскиот национален совет (СНВ), бидејќи беше незадоволна од аплаузот на […]

Додик слета во Тел Авив со владин авион на РС и покрај потерницата од босанскиот суд


Авионот на Владата на Република Српска денеска полета од Бања Лука за Белград, од каде по кратка пауза се упати директно кон Израел, каде деновиве ќе престојува лидерот на босанските Срби, Милорад Додик по кого босанскиот суд издаде потерница. Додик и неговата делегација слетаа на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Тел Авив со авион на […]

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите


Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во […]