Активиран ТУРКСАТ 6А


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција е една од 11 држави во светот која може да произведе сопствен комуникациски сателит. Тој на вчерашната активација на турскиот сателит истакна дека со ТУРКСАТ 6А се покриваат Индија, Тајланд, Малезија и Индонезија. Сега Турција има девет активни сателити. ТУРКСАТ 6А во јули 2024 година беше лансиран […]

Судии и обвинители во Србија бараат седници на највисоките правосудни органи за студенстките протести


Група судии и јавни обвинители „Да ја одбраниме професијата“ денеска побара, имајќи ги предвид студентските барања поврзани со судството, до крајот на месецот да се одржат седници на највисоките правосудни органи – Врховниот суд, Врховното јавно обвинителство, Високиот судски совет и Високиот совет на обвинителството, за која ќе се расправа актуелната состојба во судството, јави […]

Осум дена објектите на РТС се под блокада


Блокадата на зградите на Радио-телевизија на Србија (РТС) од синоќа влезе во осмиот ден, и како што е најавено, ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не „згасне“, јави МИА од Белград. Студентите во блокада и граѓаните кои ги […]

Четврти неуспешен обид за конституирање на парламентот на Косово


Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови, пренесе Бета. Пратеникот од Самоопределување, Глаук Коњуфца, изјави дека тие и понатаму го предлагаат истото име, Албуљена Хаџиу, и нагласи дека, со оглед на тоа што другите партии се изјаснија […]

Незадоволни камионџии од цела БиХ пристигнаа во Сараево


Возачи на камиони од цела Босна и Херцеговина започнаа протестно возење низ Сараево, со кое сакаат да го свртат вниманието на властите за решавање на проблемот со кој се соочуваат. Главниот проблем со кој се борат превозниците е таканаречениот 90/180, кој се однесува на бројот на денови за престој во ЕУ, а се однесува и […]

Српските студенти остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања


Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во обид да издејствуваат објавување нов конкурс за членови на регулаторниот орган за електонски медиуми (РЕМ). Засега нема какви било знаци за можна разрешница – […]

Додик тврди дека специјалци од Британија се испратени во БиХ за да го убијат


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека војници, припадници на специјалните сили од Велика Британија биле испратени во Босна и Херцеговина да го убијат. Како што вели Додик, неговата елиминација би била изведена под изговор дека тој давал отпор при апсењето. Како што посочи Додик, ваквата информација тој ја добил од неколку европски лидери.

Велигденска порака од новиот српски министер за информации: Пад на РТС е како државен удар


Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повикува надлежните органи да ја деблокираат Радио и телевизија на Србија бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар, јави дописникот на МИА од Белград. Министерството за информации и телекомуникации на Србија на граѓаните им го честита Велигден со желби за мир, […]

Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул


 Антивладин протест организиран од најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше одржан денеска во Јозгат, град во централна Турција кој се смета за традиционално упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган. – Јозгат, кој вообичаено ја поддржува АКП на […]

Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле


Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград. „Доколку никој не ни се обрати во најбрз можен рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не е во […]

Повторно прекината конститутивната седница на новиот Парламент на Косово


 Претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Косово, Авни Дехари, го прекина денешното заседани откако кандидатката на Самоопределување за претседател на законодавниот дом Албулена Хаџиу не ги доби потребните 61 глас во вториот круг од гласањето. По паузата, пратениците на Самоопредување на Албин Курти, повторно ја предложија Хаџиу за претседател на Парламентот, […]

Хрватска ќе треба да плати 200 милиони долари на унгарски МОЛ


Американскиот федерален суд во Вашингтон го отфрли барањето на Хрватска за отфрлање на наредбата на унгарскиот МОЛ за спроведување на арбитражната одлука од 2022 година, со што уште еднаш се потврди меѓународната правна сила на арбитражните одлуки и обврските на државите кон инвеститорите во согласност со меѓународните договори, пишува Вечерњи лист. Станува збор за компензација […]

Јанез Јанша ослободен од сите обвиненија – приврзеници слават пред судската палата


Словенечкиот суд денеска донесе првостепена пресуда со која го ослободи Јанез Јанша, трикратен премиер и клучен опозиционер во земјата, и двајца наводни соучесници во обвиненијата за злоупотреба на службената положба и овластување и за корупција. Јанша, претседателот на главната опозициска Словенечка демократска партија (СДС), претходно го отфрли обвинението, нарекувајќи го обид да се отстрани од […]

РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти


 РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.  Во пријавата од медиумот наведуваат дека – Јавниот сервис бара одговор и од меѓународните институции. […]

Вучиќ: Не смее да продолжи блокадата на РТС


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм порача дека не смее да се продолжи со блокада на Радио-телевизија Србија и дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок. „Денеска е Велики петок, ден на тага и болка, но и ден на надеж. За жал, кај нас и на најголемиот христијански празник […]

Вучиќ го објави извештајот на ФСБ за звучниот топ. Во текстот има буква што Русите не ја користат


Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата одржа прес-конференција на која го покажа, како што рече, официјалниот извештај на ФСБ за наводна употреба на звучен топ за време на масовните студентски протести во Србија. Корисниците на социјалните мрежи набрзо забележале неколку нелогичности во текстот на руски јазик. „Оригинал, руски јазик, за да можете да видите“ „Денес, […]

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа


Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград. Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се […]

Тројца обвинети за уривањето на настрешницата во Нови Сад


Вишиот суд во Белград го потврди обвинението против Слободанка К., управителка за развој на инвестиции на АД „Инфраструктура Железница Србија“ со седиште во Белград, како и претседателот на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад, Милутин С. и член на таа комисија, Билјана К. што резултираше со уривање на настрешница на таа […]

Вучиќ ќе патува за Москва и покрај заканите од Брисел


Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва за да присуствува на парадата на Денот на победата на 9 мај, пркосејќи на повиците на Европската унија да се држи настрана.Ова го објави Асошиетед прес. „Во наредниот период ќе бидеме под притисок во врска со настанот во Москва на кој најавивме учество“, рече Вучиќ. […]

Србија дава пасоши на санкционирани Руси, за возврат сака заштита околу протестите


Од почетокот на 2022 година, српската влада додели државјанство „во интерес на републиката“ на повеќе од 330 лица, вклучително и 204 руски државјани, според новата заедничка истрага на iStories и Мрежата за известување за криминал и корупција (КРИК). Српскиот пасош дозволува влез во Европската унија и околу стотина земји ширум светот, што го прави особено […]