ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти


Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција, ЕУ и САД, објави дека се распушта, со што се става крај на вооружената борба против турските власти, јави ТРТ Хабер. Според официјалното соопштение на ПКК, на 12-тиот конгрес на организацијата, одржан од 5 до 7 мај, е донесена конечна одлука за распуштање. […]

„Има голема волја и храброст“: Теодора е единствената што го преживеа падот на настрешницата, еве каква е нејзината состојба


Теодорa Мартинко беше тешко повреденa на 1 ноември минатата година при пад на настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Директорот на Клиниката за анестезија, интензивна нега и терапија на болка на КЦВ, проф. Д-р Теодора Тубиќ изјави дека пациентката која беше повредена на железничката станица во Нови Садуван е во животна опасност и дека […]

Први анкети за излезност: Социјалистичката партија убедливо води на изборите во Албанија


Според првите анкети од гласањето објавени од Албанската пошта и Клан Косова, победник на парламентарните избори во Албанија е Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, која освоила 79 мандати. На второ место е коалицијата собрана околу Демократската партија на чело со Сали Бериша, со освоени 54 пратенички места. Политичките партии се уште не ги објавија […]

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата


Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во денешна објава на Фејсбук, тој нагласи дека пратениците треба да ги исполнат обврските не само кон еврозоната, туку и кон демократијата и бугарскиот народ. Радев […]

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години


Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив за првпат 114.642 лица.  Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува […]

Студентите во блокада во Србија подготвуваат листа, бараат распишување избори до средината на мај


Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, најавија дека очекуваат вонредните парламентарни избори, кои неодамна ги побараа, да бидат распишани во наредните денови – кон средината на мај. Доколку изборите не бидат распишани наскоро, студентите […]

Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва


 Поради посетата на претседателот Александар Вучиќ на Москва во изминатите неколку дена, „нема да има прекин на процесите за интеграција на Србија во Европската унија, ниту санкции од Брисел. Тоа денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ , јави допписникот на МИА од Белград. Тој додаде дека српската дипломатија покажала „доследност“ во […]

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва


Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.  Според него, присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва значи поддршка за […]

Радев повика на референдум за еврото, доби поддршка само од две проруски партии


Претседателот Румен Радев ќе поднесе до регистарот на Народното собрание барање за национален референдум со прашањето: „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“ Шефот на државата ја објави оваа иницијатива во вонредно обраќање до народот и Националното собрание вечерва: „За помалку од еден месец ќе биде објавен вонредниот […]

Трамповиот мајстор за избори работи на соборување на Еди Рама


Републиканскиот стратег кој го водеше политичкото воскресение на Доналд Трамп во 2024 година ѝ помага на главната опозициска партија во Албанија да се врати од „мртвите“.Советникот за кампањата на Трамп и републикански изборен гуру, Крис ЛаЧивита, сега ја поддржува конзервативната Демократска партија на Албанија, чиј лидер Сали Бериша се надева на сопствено политичко враќање по […]

Вучиќ одбра страна со посетата на Москва


На Денот на Европа и Денот на победата, претседателот на Србија избра страна. Во длабоко поделена Европа по руската агресија врз Украина, Александар Вучиќ отпатува на воената парада кај Владимир Путин во Москва. „Сакам да ви кажам, почитуван претседателе, дека не дојдов да барам нешто, туку да ви кажам едно големо благодарам. Да ве известам […]

Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво


Атина – Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во средината на март  грчката полиција разби две криминални групи во […]

Ла Цивита, кој го воскресна Доналд Трамп, се обидува тоа да го стори и за Сали Бериша


Тирана – Главната опозициска партија во Албанија има „помош“ од стратегот кој ја водеше изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп во 2024 година, во обид да постигне победа на парламентарните избори в недела и да ги собори владејачките социјалисти на премиерот Еди Рама, објавија денеска албанските медиуми, пренесувајќи сторија на бриселски Политико. Крис Ла […]

За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари


 Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари. Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале […]

Косово без парламент и по 13. обид


  Косово и натаму е заглавено во политичкиот ќорсокак, откако рано претпладнето во петокот пропадна и 13. обид за конституирање на парламентот, предизвикувајќи загриженост за институционална парализа и прерасна во сериозен тест за државната зрелост на Косово. Косово продолжува да биде без функционален парламент, бидејќи пратениците повторно не успеаја да конституираат ново состав на законодавнито […]

Вучиќ доби место во задниот ред кај Путин


Многу прашина се крена околу заминувањето на Александар Вучиќ во Москва, каде што денес треба да присуствува на парадата што ја организира Русија на Црвениот плоштад, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.Додека многумина го напаѓаа за легитимирање на рускиот напад врз Украина со одење на „Путиновата парада“, имаше и такви […]

Реализиран првиот сертификациски лет од новиот меѓународен аеродром во Валона


Тирана – На Меѓународниот аеродром Валона, (VLO), денеска беше реализиран првиот сертификациски лет, со што и официјално е ставен во функција овој аеродром, кој, како што оценуваат надлежните, ќе биде порта кон Јужна Албанија и порта за развој на туризмот. По слетувањето на авионот, на церемонијата на која присуствуваше премиерот Еди Рама, вицепремиерката и министерка […]

Ако се упатувате на одмор кон Грција, внимавајте да не добиете непријатно изненадување


Строгите правила во Грција ги изненадија туристите – казна до три месеци затвор и 350 евра! Еве што друго треба да знаете за летувањето во 2025 година. Дали планирате одмор во Грција во 2025 година? Погрижете се да не добиете непријатно изненадување! Оваа година, популарната медитеранска дестинација воведе построги правила за туристите – особено оние […]

На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс


Пристапот до профилот на социјалната мрежа Икс на затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, е блокиран во Турција, објави денеска платформата за следење на цензурата на интернет, што е најнов потег против клучниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.  Како што објави Еј-Би-Си Њуз, според Engelli Web, веб-страница на интернет која следи и известува за […]

Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ


Вицепремиерот во српската Влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека нема причина за вонредни избори во државата бидејќи има стабилно парламентарно мнозинство. Дачиќ за белградски медиуми изјави дека барањето на студентите за распишување парламентарни избори е лицемерно, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ги распишува, претходно беше прогласен за „ненадлежен“. […]