Во Србија доаѓаат 100.000 африкански работници: Владата негира, во Гана друга приказна


  Веста дека Србија би можела да издаде до 100.000 работни дозволи за граѓаните на Гана предизвика остри реакции во српскиот јавен и политички живот. Додека владата негира постоење на каков било формален договор, опозицијата предупредува дека државата, наместо да ги задржува младите, го гледа решението во масовниот увоз на работна сила. Министерот за надворешни […]

Кос: Комплицирана ситуација со патот на Србија кон ЕУ


Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но и српската влада треба да покаже преку реформи дека заслужува да се приклучи кон ЕУ. Тоа го изјави европската комесарка за проширување Марта Кос синоќа во изјава за словенечкиот јавен сервис. „Приоритет на Европската комисија е Србија да остане на европскиот пат, но […]

Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат


Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. […]

Фотографија што носи симболика и јасен став: Ердоган испрати порака до светот од Северен Кипар


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Северен Кипар по повод 51-годишнината од турската воена интервенција во Кипар, а по тој повод испрати јасна порака преку социјалните мрежи. Имено, на социјалната мрежа X, Ердоган објави фотографија на која во позадина се гледаат знамињата на Турција и Северен Кипар, заедно со кратка порака. „Тука сме […]

Мафијашките пресметки го примораа претседателот на Црна Гора, да свика итна седница на Советот за национална безбедност


По серијата убиства и пукотници во кои беа вклучени членови на мафијашки кланови што се случија во Црна Гора во претходните неколку дена, се огласи претседателот на оваа земја, Јаков Милатовиќ. Меѓу другото, Милатовиќ изјави дека донел одлука за свикување итна седница на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора. „Седницата ќе се одржи […]

„Пекол“ во Грција – ќе „гори“ земјата


Грција ќе биде погодена од интензивен топлотен бран почнувајќи од утре, кој ќе трае најмалку до петок, а се очекува дека во текот на следните 24 часа температурата на воздухот во некои делови од земјата ќе надмине 44 степени Целзиусови, објави денес Националната метеоролошка служба. Heat wave in Greece 🇬🇷🥵🥵🥵Tuesday 22nd to Friday! https://t.co/9zyNNDTzrV — […]

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија


Речиси 40 проценти од српските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, еден од седум не може да си дозволи месо или риба секој втор ден, повеќе од една третина живеат во домаќинства што не можат да си дозволат неочекуван трошок како што е поправка или купување апарат, а еден од […]

Аларм во Хрватска, потврден случај на антракс кај добитокот, се спроведуваат мерки за заштита


Во хрватската општина Врлика е потврден случај на антракс, а надлежните институции спроведуваат мерки кои опфаќаат задолжителна вакцинација на добитокот, а луѓето кои биле во контакт со него ќе примат антибиотик, соопштено e на вонредна прес-конференција во Загреб. Месото од животните од фармите каде е заразен добиток не смее да се консумира, пренесуваат хрватските медиуми.  […]

Грчките производители на маслиново масло бараат нови пазари поради царините на Трамп


Грчкиот производител на маслиново масло Константинос Пападопулос не губеше време кога претседателот Доналд Трамп се закани со американски царини напролет. Тој веднаш почна да бара алтернативни купувачи низ целиот свет. За неколку недели, неговата семејна компанија пронајде нов купувач во Бразил, каде што обично доминира португалското маслиново масло. Се очекува неговата прва пратка од 15.000 […]

Почина познатиот босанско-херцеговски уметник Јосип Пејаковиќ


Познатиот босанско-херцеговски уметник Јосип Пејаковиќ почина синоќа на 78-годишна возраст. Информацијата за неговата смрт ја објави неговиот син Дејан Пејаковиќ, а бројни уметници и културни работници се збогуваат со овој голем човек со емотивни пораки на социјалните мрежи. Во последните десет години од својот живот, тој водеше тешка битка со бројни здравствени проблеми и помина […]

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство


Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум. Законот им дава право на пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина. Ова право ќе може да се примени и во случаи […]

Србија мора да им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра


Високиот суд во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000 евра, објавија медиумите во Нови Сад во петокот. Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси […]

ЕП започна постапка за усвојување резолуција за Србија: Ќе разговараат за насилството врз демонстрантите


Европскиот парламент ја започна постапката за усвојување резолуција за Србија под наслов „Бранови на насилство и континуирана употреба на сила врз демонстрантите во Србија“, по иницијатива на повеќе политички групи од таа институција, пишува српскиот Н1. Темата на резолуцијата ќе биде разгледана на првата есенска седница на Европскиот парламент, закажана за 8 септември, се наведува на […]

Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека секојдневно има кибер-напади од Иран врз државните институции. Од градот Берат, на состанок со претставници на технолошкиот сектор, Рама рече дека не може да се дозволи напади врз институции, како банки или приватни болници. – Во војна сме, имаме систематски напади секој ден. Не можеме да го дозволиме ова. […]

ЕУ ги олесни правилата за шенген визи за турските граѓани


Европската унија ги олесни правилата за добивање шенген визи за турските граѓани, објави амбасадорот на ЕУ во Анкара, Томас Ханс Осовски, повикувајќи на итно продолжување на преговорите за безвизен режим. Новите правила, кои стапија на сила на 15 јули, ќе им овозможат на турските граѓани кои претходно правилно ги користеа шенген визите побрзо и полесно […]

Австријците „чешлаат“ снимки од концертот на Томпсон? Брутално ќе ги казнат сите што извикувале „ЗДС“


Австриските власти наводно ги прегледуваат снимките од концертот на Марко Перковиќ Томпсон на Хиподромот во Загреб, Хрватска, барајќи луѓе кои живеат и работат таму, а кои извикувале фашистички пароли. Казните за ова може да вклучуваат и протерување од земјата Австриската полиција ги прегледува сите достапни снимки и фотографии од концертот на Марко Перковиќ Томпсон на […]

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата


Љубљана – Словенечката влада прогласи двајца израелски министри за персона нон грата откако министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за мерките против Израел поради „кршење на човековите права“, објави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за […]

Илир Мета останува во затворски притвор


Тирана – Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската, Партија на слободата, Илир Мета останува во затворски притвор откако денеска и Специјалниот апелациски суд го отфрли барањето за изрекување поблаги мерки.  Мета не беше присутен на рочиштето, но беше застапуван од неговиот адвокат Кујтим Чакрани. На рочиштето двајцата специјални обвинители, Арбен Краја и Сотир Клапи, побараа […]

Хрватска европратеничка иницира расправа во ЕП за високите цени на храната во Источна Европа


Хрватската европратеничка Билјана Борзан иницираше расправа во Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент, со фокус на рекордно високите цени на храната во Источна Европа, јави ХИНА. – Според последниот Евробарометар, мнозинството граѓани на ЕУ ги сметаат инфлацијата и сиромаштијата за најголеми проблеми. Ова е особено изразено во источноевропските земји, каде […]

Турски новинар се соочува со можна затворска казна поради критикување на Ердоган


Турските обвинители подигнаа обвинение против новинарот Фатих Алтајли, барајќи минимум пет години затвор за неговите коментари за претседателот на земјата, Реџеп Тајип Ердоган. Алтајли, кој има повеќе од 1,5 милиони претплатници на „Јутјуб“, беше приведен минатиот месец во исчекување на судењето откако на социјалните мрежи ја критикуваше анкетата во која мнозинството Турци изразија противење на […]