Србија ѝ донираше речиси 6 милиони долари на Русија


Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу 5,8 милиони американски долари)“ за регионот Курск. Руското министерство во соопштението наведува дека, според нивните тврдења, српската влада го доделила наведениот износ како хуманитарна помош. „Средствата се исплатени на Фондот за развој на регионот Курск, […]

За 10 години од Косово заминале над 360.000 граѓани


Во последните десет години, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија, покажуваат најновите податоци на Евростат, заводот за статистика на ЕУ, пренесуваат косовските медиуми. Само во периодот од 2020 до 2024 година, односно за време на мандатот на премиерот Албин Курти, државјанство во некоја европска земја добиле […]

Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС


 Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, пренесе регионалната телевизија Н1. – Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор, рече Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС што стапија денеска во сила. Тој нагласи дека целта […]

Вучиќ: Американските санкции за НИС ќе ги почувствуваат сите во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека примената на американските санкции врз Националната нафтена компанија на Србија (НИС), која започна денеска, ќе влијае на сите граѓани на државата. „Санкциите за НИС се очекувани, но многу лоши вести за сите граѓани, иако сите наши складишта со нафта се полни“, рече Вучиќ во вонредно обраќање до јавноста. […]

Политика со ѓубрето и во Софија: Градоначалникот тврди дека е уценуван, Борисов му нуди помош!


Ѓубрето нема политичка боја и не може да се извлечат позитивни резултати. Ѓубрето е загадување, а загадувањето води кон загадување во политичката средина. Предложивме државата да интервенира со опрема и решение доколку е потребно, решение за надминување на сегашната ситуација. Ова не е изјава од македонски политичар, туку на бугарскиот премиер Росен Жељазков, кој разговараше […]

Косовски аналитичар уапсен – обвинет дека е „српски шпион“


  Полицијата на Косово, во соработка со разузнавачката служба и обвинителството, го уапси Фатмир Шехоли, политички аналитичар и директор на Приштинскиот институт за афирмација на меѓуетничките односи, под сомнение за вмешаност во шпионажа, објави министерот за внатрешни работи со технички мандат во Приштина, Ѓељаљ Свеќља.   Специјалното обвинителство во Приштина објави дека Фатмир Шехоли е […]

Во Белфаст почнува самит за Западен Балкан


Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување […]

Победи на изборите со еден глас, гласаше за себе. „И на сопругата ѝ реков да не гласа“


Во неделата, гласачите на вкупно 474 избирачки места низ Хрватска имаа можност да гласаат на дополнителните избори за 75 советници. Изборите се одржаа во 63 локални единици чии совети и собранија немаа доволно советници од осумте национални малцинства, односно Хрватите, во општини каде што се малцинство на редовните локални избори во мај. Од 75 избрани […]

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија


По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во […]

(Видео) Балкон се урна во Грција, а жена за влакно се спаси


Балкон се урна во Грција, а жена за влакно избегна смрт. Безбедносните камери во грчкиот град Лаврио забележале момент кога балкон од двокатна зграда се урнал.  Прво дел од парапетот се одвоил и паднал врз конструкцијата, по што целиот балкон се урнал на улицата пред аптеката. Жената која во тој момент минувала на неколку сантиметри […]

„Брисел тајмс“: Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаните затвори


Белгиската влада ја разгледува можноста за изградба или закуп на затвори во странство, евентуално во Косово или во Албанија, со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста во локалните затвори, наведува „Брисел тајмс“. Министерката за правда, Анелиз Верлинден, и министерката за миграција, Анелиз ван Босит, започнаа тридневна мисија во Косово и во Албанија за да […]

Србија од 1 јануари воведува национален данок на CO2


Фирмите во Србија кои произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, минерални ѓубрива, како и електрична енергија – претпријатија кои се категоризирани како “големи загадувачи” поради нивната дејност – ќе бидат обврзани да ѝ плаќаат надоместок за загадување на државата од 1 јануари. Оваа давачка ќе се однесува и на компаниите кои вршат увоз на овие “валкани” […]

Французите заинтересирани за туристичниот потенцијал во Општина Пустец


Претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската Амбасада, денеска беа во посета на Пустец, каде имаа средба со градоначалникот Пали Колефски и претставници од секторот за туризам. -Посетата е во рамки на иницијатива за запознавање со туристичките потенцијали на југоисточниот регион на Албанија, вклучително и областа Мала Преспа. Целта е вклучување на Преспа […]

Бугарската опозиција бара објаснување од Борисов за контактите со Трамп Помладиот


Треба да се спроведе парламентарна истрага за средбата меѓу лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и Доналд Трамп Помладиот, изјави Ивајло Мирчев, копретседател на „Да, Бугарија“ и пратеник од коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ). Пред новинарите во Парламентот, Мирчев изјави дека на сослушување треба да бидат повикани и самиот Борисов, како и бугарскиот […]

Вучиќ за санкциите против НИС: „Веќе немаме што да разговараме со Американците“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во врска со санкциите на САД врз компанијата „Нафтeна индустрија Србија“ (НИС), кои ќе стапат на сила утре, дека Србија ќе мора да најде начин да го реши тој проблем, додавајќи дека ќе мора да разговара со Русите, кои се мнозински сопственици на компанијата. „Се надевам дека компанијата […]

Загрепски факултет мораше да ги замоли родителите: Не ни се јавувајте во име на вашите студенти


Факултетот за политички науки во Загреб неодамна се најде во необична ситуација – мораше јавно да ги замоли родителите да престанат да се јавуваат, да испраќаат е-пошта и да доаѓаат на факултетот во име на своите возрасни деца. Иако се очекува поголема независност со влегувањето во зрелоста и запишувањето на факултет, се чини дека некои […]

Црвен метео-аларм во Бугарија и Романија


Обилните дождови продолжуваат да ја погодуваат Бугарија, предизвикувајќи затворање на патишта и прогласување црвен метео-аларм во неколку региони. Поради невремето, 51 населено место останаа без електрична енергија. Надлежните тела вршат интензивен надзор на сите мостови и инфраструктура кои се потенцијално загрозени поради поплавите, објави бугарскиот портал „Новините“. Локалните власти предупредија дека секоја ризична област веднаш […]

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации


Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа. Израел соопшти дека вчера протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, со што бројот на […]

ЕУ бара од Албанија под итно да ја зголеми безбедноста на судиите


Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“. – Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја […]

Големи критики на Вучиќ на сметка на тајната служба и МВР


  Во емисијата „Хит Твит“ на Пинк ТВ, српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа обвинувања против српските безбедносни служби, а особено против Министерството за внатрешни работи. Според него, на денот на големиот протест на 15 март, само две единици во рамките на МВР биле подготвени „до крај да го зачуваат јавниот ред и мир“, имено […]