Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани


Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за …

Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани Read More »

Мицотакис за трагедијата во Кочани: Грција е подготвена да помогне во ова тешко време


 Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина. – Искрено сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените …

Мицотакис за трагедијата во Кочани: Грција е подготвена да помогне во ова тешко време Read More »

Вучиќ изрази сочувство – спремен да помогне по пожарот во Кочани


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде загинаа најмалку 51 лице, а изрази и подготвеност да помогне. „Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност …

Вучиќ изрази сочувство – спремен да помогне по пожарот во Кочани Read More »

Архивот на јавни собири процени дека на протестот во Белград имало меѓу 275.000 и 325.000 луѓе


  Архивот на јавни собири, организација која брои учесници на јавните собири, даде проценка за бројот на луѓе на големиот протест во Белград „15. за 15″. Врз основа на теренско истражување и анализа на снимки од протестот Архивот на јавни собири проценува дека на овој собир присуствувале од 275.000 до 325.000 луѓе, со можност бројката …

Архивот на јавни собири процени дека на протестот во Белград имало меѓу 275.000 и 325.000 луѓе Read More »

На протестот во Белград биле повредени 56 лица


На протестот одржан во центарот на Белград биле повредени вкупно 56 лица, но никој не претрпел повреди опасни по живот, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој кажа и дека 44 лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Ѕвездара и едно лице во Земун, но дека нема потешко повредени. Покрај тоа, 22 лица …

На протестот во Белград биле повредени 56 лица Read More »

Ѓоковиќ со поддршка за протестот во Белград: „Историја! Величенствено“


  Големиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш застана зад студентите во нивните протести и ги поддржа во она што го прават за демократизација на српското општество и борбата против корупцијата. Тој на својот Инстаграм профил сподели видео од протестот, а потоа и фотографија и напиша: „Историја! Велечствено“.

„Овде сме бидејќи предолго трпевме, но веќе нема“: Порака од студентите на протестот во Белград


  Отако на платото пред Народното собрание се собраа стотина и повеќе илјади луѓе, главните настани на студентскио протест што денеска се одржува во Белград се префли на плоштадот Славија, кој е намлаку еден километар оддалечен. Тоа беше направено за да се избегнат можните конфликтни ситуации „Студентите кои сакаат да учат“ во Пионерскиот парк кај …

„Овде сме бидејќи предолго трпевме, но веќе нема“: Порака од студентите на протестот во Белград Read More »

25.000 моторџии ги штитат студентите на протестот во Белград


  Целата моторџиска заедница од Србија застана во одбрана на студентите во нивните протести, особено на денешниот огромен во Белград. Тие секогаш на сите протести и во Крагуевац и нов Ниш и во Нови Сад моторџиите беа меѓу првите што одеа пред студентите. Според информациите во независните српски медиуми, денеска дури 25.000 моторџии од Белград …

25.000 моторџии ги штитат студентите на протестот во Белград Read More »

Србија на нозе. Реки луѓе се слеваат кон Народното собрание. Сцените се нестварни (Галерија)


  Граѓани од цела Србија во саботата наутро се упатија кон Белград на покана од студентите во блокадата за да учествуваат на големиот митинг „15. за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција. Сигурно дека ова ќе биде најголемиот …

Србија на нозе. Реки луѓе се слеваат кон Народното собрание. Сцените се нестварни (Галерија) Read More »

„Мама, и Победник је са нама“ – поставена реплика на Андреј Јосифовски на еден од симболите на Белград пред Техничките факултети


  Српскиот уличени уметник Андреј Јосифовски Пијанист создаде реплика на еден од најголемите белградски симболи – споменикот „Победникот “ и го донесе пред Техничките факултети во знак на поддршка за студентите. „Мама, и Победник је са нама“, пишува на постаментот на споменикот. Споменикот е облечен во жолт безбедносен елек, каков што го носат студентите кои …

„Мама, и Победник је са нама“ – поставена реплика на Андреј Јосифовски на еден од симболите на Белград пред Техничките факултети Read More »

Што значи „ПУМПАЈ“ и како тој збор стана мото на студентските протести во Србија


  Кога сношти студентите од различни колони од Србија пристигнуваа во Белград, низ улиците на српскиот главен град исполнети со десетици илјади луѓе ечеше еден збор – ПУПМАЈ. Што значи „пумпај“ и како тој збор стана лајтмотив на студентските протести против корупцијата во Србија. На почетокот на четиримесечните протести тој можеби звучеше како тривијалност или …

Што значи „ПУМПАЈ“ и како тој збор стана мото на студентските протести во Србија Read More »

Ни литиумот, ни Лајен, ни синот на Трамп можеби нема да помогнат – најголемо искушение за Вучиќ


  Стотици илјади луѓе од цела Србија се очекува да се приклучат на антикорупцискиот митинг во Белград организиран од студентите, во она што се смета за кулминација на повеќемесечните протести што ги разнишаа темелите на владеењето на претседателот на земјата, Александар Вучиќ. Атмосферата во Белград тензична во пресрет на протестот. Изутринава судентите од Електротехничкиот факултат …

Ни литиумот, ни Лајен, ни синот на Трамп можеби нема да помогнат – најголемо искушение за Вучиќ Read More »

Објавен распоредот и препораките за денешните протести во Белград


  Студентите најавија и план за денешниот протест за кој велат дека ќе биде најголем досега. Првото собирање започнува во 10 часот кај Градската општина Нов Белград, а потоа во 11,30 часот кај кружниот тек кај Автокоманда. Во 13 часот студентите треба да се соберат на Плоштадот на Републиката и кај споменикот Вук. Митинзите таму …

Објавен распоредот и препораките за денешните протести во Белград Read More »

Мајка на жртва од трагедијата во Нови Сад: Овие деца ме вратија во живот


  Во петокот, десетици илјади луѓе ги „окупираа“ белградското Теразие, улицата „Кнез Милош“и сите пристапни улици за да им приредат величествено добредојде на оние што пешачеа и со велосипеди со денови доаѓаа од цела Србија до главниот град во чест на 15-те луѓе кои загинаа под настрешницатана железничката станица во Нови Сад. Сите дојдоа полни …

Мајка на жртва од трагедијата во Нови Сад: Овие деца ме вратија во живот Read More »

Андреј Пленковиќ имал хирушки зафат на срцето


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во петокот навечер бил на интервенција во загрепската клиничка болница поради повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам. Постапката била претходно планирана и течела без проблеми, соопшти во саботата владата. „Ве информираме дека премиерот вчера вечерта беше лекуван на Клиниката за кардиоваскуларни болести во Универзитетскиот болнички центар за кардиологија во Загреб …

Андреј Пленковиќ имал хирушки зафат на срцето Read More »

Мицотакис ја „ресетира“ владата со поранешен екстремен десничар како министер за миграција


  Грчкиот премиер назначи поранешен екстремно десничарски студентски активист на чело на министерството за миграција како дел од широката реконструкција чија цел е „ресетирање“ на неговата влада поради бесот на јавноста околу справувањето со смртоносната железничка несреќа во 2023 година. Во обид да го спречи падот на рејтингот на одобрување, Кирјакос Мицотакис го постави самонаречениот …

Мицотакис ја „ресетира“ владата со поранешен екстремен десничар како министер за миграција Read More »

Црвен тепих за студентите од цела Србија во Белград – доаѓаат за утрешниот масовен протест


Студентите на повеќето белградски факултети се собраа во центарот на Белград на Теразија, каде приредија спектакуларен пречек за студентите велосипедисти и пешаци кои веќе неколку дена пешачат и возат кон главниот град за да учествуваат на утрешниот голем протест. Na dočeku studenta u Beogradu je i majka mladića poginulog u padu nadstrešnice Dijana Hrka koja …

Црвен тепих за студентите од цела Србија во Белград – доаѓаат за утрешниот масовен протест Read More »

Вучиќ за утрешниот студентски протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите. Вучиќ нагласи дека протестот не е пријавен кај надлежните институции и дека државата ќе помогне во неговото обезбедување, но предупреди дека секој што ќе се …

Вучиќ за утрешниот студентски протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите Read More »

Викендов нема да работат новинарите од Радио Белград, „останаа само подобните“


На новинарите и на вработените во зградата на Радио Белград им е наредено да ја напуштат зградата до 17 часот, а само на „проверените новинари“ ќе им биде дозволено да работат во текот на викендот, изјави за агенцијата Бета извор од државната радио станица. На новинарите ќе им биде дозволено да се вратат на работните …

Викендов нема да работат новинарите од Радио Белград, „останаа само подобните“ Read More »

Од Дебар до Тирана за еден час – пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“


  Со пуштањето во употреба на големиот тунел Муриз, попладнево, што е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од Дебар до Тирана веќе се пристигнува за еден час.  Во присуствуваа жители од поширокиот регион, со зурли, тапани, оро, беше пречек премиерот Еди Рама, заедно со вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и …

Од Дебар до Тирана за еден час – пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“ Read More »