Регионот се вооружува: Србија од Русија купува шест хеликоптери „ми-17“


Белград ќе почне интензивни разговори со Русија за купување до шест повеќенаменски хеликоптери Ми-17, изјави за РТС српскиот министер за одбрана Александар Вулин, воедно потврдувајќи дека два македонски хеликоптери се на ремонт во Белград. – Започнавме интензивни разговори за купување на хеликоптери, а што се однесува до системот С-300, за тоа се уште е рано […]

Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција


Седум кинески компании пројавиле интерес за учество во продажбата на 40 проценти од сопственоста на термоцентралата „Мелити“ кај Лерин и постројката „Мегалополи Аркадија“ на Пелопонез. Грчката државна енергетска компанија ДЕИ е принудена да продаде дел од своите капацитети, како обврска преземена со програмата за спас на Грција, чие спроведување е услов за доставување помош од […]

Македонец уапсен во Србија со 80 килограми марихуана


Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички. Притоа, е уапсен 69-годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. Во резервоарот и други празни места од камионот имало 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми. Против возчаот И.И. ќе биде поднесена […]

Пратениците на „Самоопределување“остануваат во притвор


Пратениците во косовскиот парламент од Движењето „Самоопределување“ Албин Курти и Доника Кадај-Бујупи и понатаму останат во притвор. Судот во Приштина го одби барањето на нивната одбрана за ослободување и замена на притворот со друга мерка. На тројца пратеници на „Самоопределување“ им се суди за фрлање солзавец во собраниската сала кога на дневен ред беше ратификацијата […]

Американски „Контур Глобал“ ќе гради електрана на Косово од една милијарда евра


Косовската Влада потпиша договор со американскиот производител на електрична енергија, компанијата „Контур Глобал“, со седиште во Њујорк, во вредност од една милијарда евра (1,18 милијарди долари) за изградба на термоелектрана со капацитет од 500 мегавати. Договорот е потпишан денеска со главниот менаџер на компанијата Џозеф Бранд. Изградбата на новата електрана ќе почне следната година, а […]

Поради злоупотреби, во грчките ресторани ќе се служи само амбалажирано маслиново масло


Од 1 јануари следната година во грчките ресторани ќе биде забрането да се служи наливно масло, а прекршителите ќе добијат административна казна од 500 евра. Европската комисија пред четири години се обиде да ја забрани употребата на наливно масло во јавните угостителски објекти бидејќи со ова масло се правеле големи измами. Одлуката беше поддржана од […]

Косовците со српски возачки дозволи нема да преполагаат за косовски


Косовското министерство за внатрешни работи одлучи сите државјани на Косово, кои поседуваат српски возачки дозволи издадени до 2016 година, може да ги сменат со косовски без да преполагаат. Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ, изјави дека оваа одлука е многу значајна за Србите на Косово, кои се најмногубројни со српски дозволи. Тој додаде […]

Поради насилно однесување во албанскиот Парламент 10 пратеници под истрага


Со заедничко соопштение, полицијата и обвинителството во Тирана, потврдија дека во врска со вчерашните случувања во и надвор од албанскиот парламент, под истрага се десет пратеници,шест учесници во протестот се притворени а двајца ќе се бранат од слобода. – Под истрага се пратеничката и лидерка на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади и пратениците од […]

Китаровиќ бара што побрзо решавање на прашањето за границата со Словенија


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска изјави дека граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија, за кој има арбитражна пресуда, која Загреб не ја признава, треба да се реши билатерално и што е можно поскоро. – Важно е да се разговара, а ќе видиме дали тоа ќе доведе до поместување, изјави Китаровиќ на новинарско прашање дали очекува […]

Реакции од ЕУ и САД по нередите во албанскиот парламент


Делегацијата на ЕУ во Тирана денеска го осуди насилството за време на вчерашните протести во и пред албанскиот Парламент. – ЕУ го осудува насилството на вчерашните протести и однесувањето на пратениците на пленарната седница. Демократските процеси, било да се однесува на пленарната седница или протести, треба да се дозволи да се одвиваат на мирен начин. […]

Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“. Каменос вчера при посетата на воениот […]

Вучиќ се среќава со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија. Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека […]

Арта Марку сепак избрана за нов државен обвинител на Албанија


Нов државен јавен обвинител на Албанија е Арта Марку, која и покрај тензичната атмосфера и противењето на опозицијата беше избрана со гласовите на владејачкото мнозинство. Четириесет и едногодишната обвинителка од северниот албански град Скадар беше избрана со 69 гласови и на оваа функција е со привремен мандат. Набргу треба да се конституира новиот Висок совет […]

Република Српска ќе ја тужи НАТО-алијансата поради бомбардирање со осиромашен ураниум


Република Српска ќе се придружи на тужбата против членките на НАТО поради предизвикување хуманитарна и еколошка катастрофа за време и по бомбардирањето на РС со проектили со осиромашен ураниум. Таква тужба подготвува и Србија, објави „Глас Српске“. Од правниот тим на Српската кралска академија во Белград, кој работи на подготвување на тужбата против членки на […]

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент поради изборот на јавен обвинител: Опозицијата запали факли и фрла со чизми


Парламентот во Албанија со 69 гласа за ја изгласа Арта Марку за привремен јавен обвинител. Додека траеше процесот на гласање, опозициските партии остро протестираа во парламентот, но преку нејзините поддржувачи и надвор од албанскиот законодавен дом. Во еден момент може да се забележи дека еден од пратениците фрли со чизма додека новата привремена јавна обвинителка […]

Грчката полиција спречила обид за атентат врз Ердоган


Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина. Уапсените се припадници на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили […]

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат


Договорот за решавање на спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година. Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“. Во Обединетите нации со […]

Албанија од туризам годинава заработи 1,3 милијарда евра


Приходите од туризмот во Албанија за првите девет месеци од 2017 година изнесуваа 1,3 милијарда евра. Ова е најдинамичниот сектор на локалната економија во изминатите две години, известува Централната банка на балканските земји. За периодот јануари-септември оваа година приходите од туризмот се зголемиле за 13%. За истиот период минатата година тие изнесувале 1,16 милијарда евра. […]

Почна војната за 10 милиони документи од Хашкиот трибунал


Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина се обидуваат да дојдат до што поголем број на документи и доказни предмети кои се во Хашкиот трибунал, кој по 24 години работа набрзо ќе се затвори, објави денеска српскиот весник „Новости“. Весникот посочува дека се работи за документи кои содржат државни тајни, сослушувања, сведочења на јавни и заштитени […]

Над 30 милиони туристи ја посетиле Турција годинава


Вкупно 30,37 милиони странци пристигнале во Турција од јануари до ноември годинава, додека во истиот период 30,4 странци ја напуштиле земјата. Во истиот период минатата година 24,7 милиони странци ја посетиле Турција. Во 2017 година во Турција најмногу туристи пристигнале од Русија.