Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“. Каменос вчера при посетата на воениот […]

Вучиќ се среќава со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија. Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека […]

Арта Марку сепак избрана за нов државен обвинител на Албанија


Нов државен јавен обвинител на Албанија е Арта Марку, која и покрај тензичната атмосфера и противењето на опозицијата беше избрана со гласовите на владејачкото мнозинство. Четириесет и едногодишната обвинителка од северниот албански град Скадар беше избрана со 69 гласови и на оваа функција е со привремен мандат. Набргу треба да се конституира новиот Висок совет […]

Република Српска ќе ја тужи НАТО-алијансата поради бомбардирање со осиромашен ураниум


Република Српска ќе се придружи на тужбата против членките на НАТО поради предизвикување хуманитарна и еколошка катастрофа за време и по бомбардирањето на РС со проектили со осиромашен ураниум. Таква тужба подготвува и Србија, објави „Глас Српске“. Од правниот тим на Српската кралска академија во Белград, кој работи на подготвување на тужбата против членки на […]

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент поради изборот на јавен обвинител: Опозицијата запали факли и фрла со чизми


Парламентот во Албанија со 69 гласа за ја изгласа Арта Марку за привремен јавен обвинител. Додека траеше процесот на гласање, опозициските партии остро протестираа во парламентот, но преку нејзините поддржувачи и надвор од албанскиот законодавен дом. Во еден момент може да се забележи дека еден од пратениците фрли со чизма додека новата привремена јавна обвинителка […]

Грчката полиција спречила обид за атентат врз Ердоган


Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина. Уапсените се припадници на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили […]

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат


Договорот за решавање на спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година. Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“. Во Обединетите нации со […]

Албанија од туризам годинава заработи 1,3 милијарда евра


Приходите од туризмот во Албанија за првите девет месеци од 2017 година изнесуваа 1,3 милијарда евра. Ова е најдинамичниот сектор на локалната економија во изминатите две години, известува Централната банка на балканските земји. За периодот јануари-септември оваа година приходите од туризмот се зголемиле за 13%. За истиот период минатата година тие изнесувале 1,16 милијарда евра. […]

Почна војната за 10 милиони документи од Хашкиот трибунал


Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина се обидуваат да дојдат до што поголем број на документи и доказни предмети кои се во Хашкиот трибунал, кој по 24 години работа набрзо ќе се затвори, објави денеска српскиот весник „Новости“. Весникот посочува дека се работи за документи кои содржат државни тајни, сослушувања, сведочења на јавни и заштитени […]

Над 30 милиони туристи ја посетиле Турција годинава


Вкупно 30,37 милиони странци пристигнале во Турција од јануари до ноември годинава, додека во истиот период 30,4 странци ја напуштиле земјата. Во истиот период минатата година 24,7 милиони странци ја посетиле Турција. Во 2017 година во Турција најмногу туристи пристигнале од Русија.

Протест на грчките пензионери го блокираше центарот на Атина


Неколку илјади пензионери го блокираа центарот на Атина попладнево во протест против најавеното ново намалување на пензиите, јави новинската агенција ДПА. Сообраќајот во центарот на грчкиот главен град е во целосен застој од демонстрантите кои извикувале „вратете ни ги парите“ и „ние си ги заработивме пензиите“. Од почетокот на грчката економска криза во 2010 година […]

Македонија – претседавач со Енергетската заедница во 2018 година


Приштина – Македонија денеска во Приштина го презеде претседавањето со Енергетската заедница за 2018 година. На состанокот на Министерскиот совет на Енергетската заедница, македонскиот министер за економија Крешник Бекшети ги истакнал приоритетите во текот на македонското претседавање, како што се регионалната соработка во итни случаи за електрична енергија, со цел да се избегнат едностраните забрани […]

Хрватска со најголем раст во индустриското производство во ЕУ


Хрватска, покрај Ирска и Данска, забележа најголем пораст на индустриското производство во октомври во однос на претходниот месец меѓу земјите во Европската унија, покажува извештај на европскиот статистички уред. Во Хрватска сезонски приспособено индустриско производство во октомври порасна 2,7 отсто на месечно ниво, со што нејзиното темпо е двојно зголемено во однос на септември, кога […]

ЕП поддржа влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната


Мнозинството парламентарни групи во Европскиот парламент денеска ја поддржаа Резолуцијата со која се бараа Бугарија и Романија да станат членки на Шенген зоната. Против, такваиот став се изјаснија само парламентарните групи на Европските реформисти и конзервативци (ЕРЦ) и Европа на слободата и директната демократија (ЕФД2). Сите останати групи оценија дека Бугарија и Романија ги исполниле […]

Американска компанија ќе ја гради термоцентралата „Ново Косово“


Косовската Влада денеска постигна договор со американската компанија за електрична енергија „Контур Глобал“ за изградба на термоцентралата „Ново Косово“. Договорот е постигнат на средба на владиното тело задолжено за изградба на објектот, на која прсуствувале и косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претставници на компанија. – Финансискиот документ ќе биде потпишан на 20 декември, со што […]

Грчки медиуми: Забрзано се бара решение за прашањето за името


По првичните позитивни реакции од вчерашната нова рунда разговори за името во Брисел, одржана по пауза од три години, денеска грчките медиуми пишуваат дека е евидентно забрзување на процесот за надминување на спорот, но оти таквото раздвижување на меѓународен план може да предизвика сериозни проблеми во коалициската влада на премиерот Алексис Ципрас. Сајтот In.gr пишува […]

Грабар-Китаровиќ: Нема да му ги одземам одликувањата на Праљак за одбрана од големосрпската агресија


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска во Бјеловар изјави дека нема да му ги одземе медалите на Слободан Праљак бидејќи ги добил за одбрана од големосрпската агресија. Хашкиот трибунал го осуди Праљак на 20 години затвор за воени злосторства извршени на територијата на Босна и Херцеговина. По изрекувањето на пресудата, Праљак во судницата испи отров цијанид, […]

Србија отвори две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ


Србија на Меѓувладината конференција во Брисел вечерва ги отвори шестото и 30-то поглавје од преговорите за членство во ЕУ, кои се однесуваат на трговското право и економските односи со странство. Главната преговарачка на Белград во преговорите за пристапување со Унијата, Тања Мишчевиќ наведе дека со поглавјето шест ќе се создадат принципи и систем што ќе […]

Сопственикот на „Дневник“ и „Капитал“ ја обвини бугарската Владата дека сака да му ги одземе весниците


Бугарската Комисија за конфискување на нелегално стекнат имот (КОНПИ) започна процедура за одземање на имот на бизнисменот Иво Прокопиев, кој е сопственик на весниците „Дневник“ и „Капитал“. Доколку процедурата биде комплетирана, на Прокопиев може да му биде одземена сопственоста врз издавачката компанија „Икономедија“, која ги печати двата весници. Прокопиев реагираше преку соопштение до јавноста во […]

Јовановиќ: Ако Србија не го реши проблемот со Косово, други ќе го решат место неа


Србија во 2018 година мора да излезе со решение за проблемите кои постојат на Косово, а доколку тоа не го стори, ќе го направат други, но без неа, оцени лидерот на српската опозициска Либерална демократска партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ – Затоа логичен избор е во тој процес да бидеме фактор, наместо набљудувач – изјави Јовановиќ во […]