ЕУ може да заштеди милијарди долари од обновливите енергетски извори


Евроспката унија може значително да ја зголеми употребата на обновливи извори на енергија, заштедувајќи милијарди долари, се наведува во истражувањето на Меѓународната агенција за обновлива енергија. ЕУ може рентабилно да го зголеми за 34 проценти делот на зелените енергетски извори во енергетиката до 2030 година, наместо 27 проценти предвидени во моментов во плановите, покажува истражувањето […]

Бугарите претставуваат 2,8 отсто од населението во Брисел


Бугарските државјани претставуваат 2,8 отсто од странското население во Брисел, покажуваат статистичките податоци за главниот град на Белгија. Најбројни меѓу странците во Брисел се Французите (15,2 проценти), по што следуваат Романците (9,2 проценти) и Мароканците (девет проценти). Податоците покажуваат дека граѓаните на ЕУ сочинуваат 66,3 отсто од странците во градот. Граѓаните на Конго и Турција […]

Во Хрватска лани родени најмалку деца во последните 100 години


Во текот на 2017 година во Хрватска се родени најмалку деца во последните 100 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Експертите предупредуваат дека иселувањето е една од главните причини за падот на наталитетот. деца и натаму се раѓаат, но надвор од Хрватска. Од 2006 до 2016 година, бројот на жени во Хрватска на […]

Италијански разузнавачки служби: Постои реален ризик од џихадистички напади


Постои конкретен и реален ризик од џихадистички напади во Италија, се наведува во годишниот извештај на италијанските разузнавачки служби. „Италија е изложена на непријателска пропаганда од терористичката група т.н. „Исламска држава“, а радикализирани поединци и натаму има на територијата на државата“, се вели во извештајот. Радикализираните поединци кои зборуваат италијански јазик во извештајот се нарекуваат […]

Харадинај на Рама: Развиј ја Албанија, не ни продавај ум нам во Косово


Косово нема потреба од лекции од никого, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за заеднички претседател на Албанија и Косово. – Му кажав на Еди Рама дека може да си продаваме ум еден на друг колку што сакаме. Еди Рама ќе му помогне на Косово само со развој […]

Бакојани: Бараме пакет решение што ќе го прифати целата меѓународната заедница


Решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Боакојани, во интервју за телевизија Скај, јавува дописникот на МИА од Атина. – Ние сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина. Ова е целта. Бидејќи во […]

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите било и прашањето со името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас „Двајцата лидери разговараа за текот на разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското море и евро-турските односи“, се наведува во кусото соопштение […]

Ердоган: Операцијата во Африн продолжува сѐ до постигнување на целта


Турција очекува сирискиот град Африн за неколку дена да биде под опсада, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. – Во следните денови, благодарение на напредувањето на турската армија поддржана од борците на Слободна сириска армија, градот Африн ќе биде под опсада, истакна Ердоган пред пратениците на својата Партија на правдата и развојот. Турската армија […]

Гејтс: Даночниот закон е регресивен, треба да плаќам поголеми даноци


Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс изјави дека треба да плаќа уште поголем данок, апелирајќи на американските власти истото да го побараат и од останатите милијардери. – Треба да плаќам поголеми даноци. Платив повеќе даноци од било кој друг, над 10 милијарди долари, но Владата треба од поединците, кои се на иста позиција […]

Дачиќ: ЕУ ја „става главата во песок“ пред големоалбанската политика


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама и оцени дека ЕУ и западните земји ја „ставаат главата во песок“ пред, како што рече, големоалбанската политика. – Косово и Албанја ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто […]

ЕК: Изјавата на Рама за заеднички претседател е несоодветна


Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна. Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи. – ЕУ очекува да продолжи изградбата на […]

САД не поддржуваат размена на територии


Во денешното соопштение од Амбасадата на САД во Косово се наведува дека Вашингтон не поддржува размена на територии. – Не поддржуваме размена на територии или воспоставување на преседан, што може да предизвика повеќе проблеми отколку решенија, но сите страни треба да бидат креативни во изнаоѓањето на решение, се посочува во соопштението на Амбасадата на САД […]

Средба Борисов-Орбан: Сега е шансата да го интегрираме Балканот во ЕУ


Бугарското претседателство на Советот на ЕУ се одвива добро – тука дојде половина Европа и тоа покажува колку важна улога игра Бугарија во европската политика, изјави премиерот на Унгарија Виктор Орбан по средбата во Софија со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. – Разговаравме за иднината на Европа со посебен акцент на Балканот, безбедноста на границите […]

Јоргос Какликис: Имаме сега една генерација, што се прашува зошто им велиме дека не се Македонци


Умерен оптимизам за постигнување решение на името изразува поранешниот грчки амбасадор во Македонија, Јоргос Какликис. Во разговор за CNN.GR, се потсетува на периодот кога бил амбасадор во Македонија и моментот кога во 2001 двете земји биле на чекор до решение откако грчката влада покренала иницијатива за разговори во Скопје. – Додека политичкиот свет во големо […]

Израел успешно тестираше напреден ракетен пресретнувач


Министерството за одбрана на Израел соопшти денеска дека таа земја успешно тестирала напреден ракетен систем за одбрана, кој има можност да се одбрани од балистички ракети за уништување цели надвор од атмосферата. Министерството оцени дека успешната тест-мисија на пресретнувачот Ероу-3 (Arrow-3) е „голем камен-темелник“ на способноста на Израел да се одбрани од „сегашните и идни […]

ЕУ очекува државите од Западен Балкан да работат на спроведување на реформите


Европската комисија денеска изрази очекување државите од Западен Балкан да ги насочат напорите во исполнување на програмите за реформи, за да напредуваат на патот кон ЕУ. – ЕУ го поддржува принципот за помирување на Западен Балкан. Европскиот совет изрази поддршка за јасна европска перспектива на регионот. Ќе продолжиме да работаме со тие држави на билатерална […]

Во БиХ може да се вратат околу 30.000 одбиени азиланти од Европа и од САД


Поради мигрантската криза која и натаму трае со ненамален интензитет, во Босна и Херцеговина би можеле да бидат вратени илјадници нејзини државјани на кои им е одбиено барањето за азил во државите од Западна Европа и од САД, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“. Весникот наведува дека официјалните податоци со кои располагаат институциите во БиХ се […]

Грчка Алфа ТВ: Коѕијас во следните денови ќе го посети Скопје


Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа. Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна. – Според информациите на […]

Неофит: Кога ќе треба да се исполни должноста, тоа и ќе го направиме


Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност. Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на […]

Еди Рама: За десет години Косово и Албанија ќе имаат ист претседател


Албанскиот премиер Еди Рама предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика. Овие два предлога тој ги даде на свечената седница на косовскиот парламент, кога зборувајќи за иднината, рече дека Косово и Албанија по десет години може да имаат еден претседател. – Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. […]