Солун: Запален автомобилот на албанскиот конзул


Непознати лица синоќа го запалиле блиндираниот автомобил на генералниот конзул на Албанија во Солун. Палењето се случило во два и пол часот по полноќ. Екипа на противпожарната бригада пристигнала на местото на настанот. При прегледот, полицијата открила експлозивна направа. Истрагата се уште трае. Сѐ уште нема реакција од Албанија.

Српските мелничари бараат контрамерки за Македонија поради проблеми со извозот на брашно


Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад ги обвини македонските власти дека со неодамна воведените мерки допринеле увозот на брашно од Србија да биде „речиси неисплатлив”, пишува денешна „Политика“. Тие бараат од Србија веднаш да воведе контрамерки за увоз на земјоделски производи од Македонија. Според новата постапка, брашното од […]

Македонија и Србија заедно на 40-от Белградски саем на туризмот


„Од Дунав до Охрид“ е заеничката туристичка промоција на Македонија и Србија која денеска беше претставена на 40. Меѓународен саем на туризмот во Белград, кој е во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите. На саемот учествуваа 1.200 претставници од 55 држави. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка […]

Мицотакис лут на Меркел што рекла „македонски премиер“


Ставот на Меркел дека во Берлин го поздравува македонскиот премиер, според лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, не е корисен во конкретниот момент. Кирјакос Мицотакис, во интервју за грчката телевизија Скај, рече дека „треба да се избегнува употребата на термините „Македонец“ и „Македонија“ за Скопје“, јави дописникот на МИА од Атина.  -Ставот на Меркел […]

Ципрас: Новото име треба да биде уставно име на соседната земја, предуслов е ревизија на Уставот


Името за кое што ќе се договориме ќе треба истовремено да биде и уставното име на соседната земја, за што предуслов е ревизија на Уставот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во Брисел по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ. Ципрас смета дека ставот на Грција е дека треба да се реши […]

За Палестинците Амбасадата на САД во Ерусалим е провокација за муслиманите и христијаните


Палестинските автономни власту денеска остро ја критикуваше најавата дека САД ќе ја преместат својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим во мај годинава. Тоа е „провокација за Арапите, муслиманите и христијаните. Со таквото решение, администрацијата на Доналд Трамп се изолира целосно и станува дел проблемот, а не од решението”, изјави за АФП вториот […]

Осумнаесет мртви од двојна експлозија во Могадишу


Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на две автомобил-бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните здравствени власти. Според германската новинска агенција ДПА, во нападот загинале најмалку девет лица, од кои најмалку четворица милитанти. Експлозијата на двата автомобили се случи во близина на претседателската палата, по што следела жестока престрелка […]

Еуростат: Во ЕУ Бугарите со најниска минимална плата


Најниска минимална плата од 261 евро во јануари годинава во Европската унија има Бугарија, по што следуваат Литванија од 400 евра и Романија 408 евра, објави денеска Еуростат. Генерално, минималната плата е помалку од 500 евра во земјите од источниот дел на ЕУ и над 1.000 евра во земјите од северозападниот дел на Унијата. Предводи […]

Иса Мустафа дал инструкции ЛДК да не гласа за демаркацијата за да издејствува нови избори


По второто одложувања на вонредната седница на која косовскиот Парламент требаше да гласа за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, приштинските медиуми пишуваат дека опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) не сакал да гласа за спогодбата под влијание на партскиот лидер Иса Мустафа, кој е на лекување во Германија. Повкувајќи се […]

Средба Могерини – Ципрас: Македонија и Албанија во фокусот на разговорите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на нивната денешна средба во Брисел разговарале за Турција и земјите од Западен Балкан, со акцент на Македонија и Албанија, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, ги поздравила разговорите на […]

Јункер: За Британците би било добро јас да сум им премиер


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер иронично ја прокоментира нејасната позиција на Велика Британија за идните односи на Лондон со ЕУ, изјавувајќи дека за Велика Британија би било добро тој да и е премиер. – Јас не сум британскиот премиер, би било убаво да бидам, но не сум, одговори Јункер на новинарско прашање за вчерашната […]

Косовскиот Парламент не постигна консензус за демаркација на границата со Црна Гора


Вонредната седница на косовскиот Парламент закажана за денеска е одложена, откако пратеничките групи во Собранието не постигнаа консензус околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација. РТК јави дека седницата е презакажана за 28 […]

Компанијата Нестле „војува“ со шест европски компании


Швајцарската прехранбена компанија Нестле е во „војна“ со шест европски малопродажни синџири кои ја бојкотираат нејзината стока, барајќи пониски цени, пишува „Пословни дневник“. Меѓутоа, намалувањето на цените во овој момент, како што се наведува, воопшто не оди во прилог на Нестле, имајќи ги предвид последните податоци за продажбата. Како што пренесуваат медиумите, светската прехранбена компанија […]

Дојче веле: Германците гледаат две Ангели Меркел


Со голем углед во светот, но често неодлучна. Добра канцеларка, но нејзиното време измина, наведува Дојче Веле во прилогот за Ангела Меркел која се бори да остане на власт во уште еден мандат. Повеќе од две третини од Германците сметаат дека времето на канцеларката Ангела Меркел изминало, но истовремено, речиси ист број луѓе веруваат дека […]

Решавањето на спорот со името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел


За прашањето со името и заклучоците од посетата на Зоран Заев на Берлин, разговарале грчкиот премиер и германската канцеларка на нивната куса средба во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ. Според грчките медиуми, пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис […]

Хрватската армија ќе помага за чистење на снегот


И хрватската армија ќе се вклучи во чистење на снегот во делови од Хрватска, откако снежните врнежи предизвикаа големи проблеми во делови од државата. Снегот и понатаму го отежнува сообраќајот во Лика, Горски Котар, централниот и северозападниот дел на земјата, а некои училишта се затворени. Поради силниот ветар во сила се вообичаените ограничувања на некои […]

Просечната македонска плата е речиси три пати помала од словенечката


Најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците, покажуваат статистичките податоци на земјите од бивша Југославија. Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година. По Словенија е Хрватска, каде според најновите податоци просечната плата изнесува 835 […]

Словенија со грантови ќе го помага локалниот развој во Македонија


Република Словенија ќе го помага домашниот локален развој преку грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, што ќе бидат значајни за општините и жителите во внатрешноста во Македонија. Ова е договорено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец. На средбата, како што информира, владината прес-служба, […]

Грција ја поддржа кандидатурата на Македонија за Јадранско-јонската иницијатива


Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ја поддржува кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива. Катругалос, во писмо до еврокомесарите за проширување и добрососедска политика и за регионална политика, Јоханес Хан и Корина Кретсу, ги најави намерите на Грција за поддршка на кандидатурата на Македонија. Во Јадранско-јонската иницијатива веќе […]

Ѕанакопулос: Не постојат притисоци врз Грција за прашањето за името


Не постои никаков притисок врз грчката страна за прашањето за името, вели портпаролот на владата на Грција Димитрос Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. „Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро […]