Крах на акциите во кинескиот технолошки сектор


Сведоци сме на лето на катастрофа за акциите во кинескиот технолошки сектор.
Гигантите Тенсент и Алибаба беа меѓу главните инвеститори во образовниот сектор. Шпекулациите дека регулаторните притисоци би можеле да се прошират и врз други сектори, особено технологијата, исто така, предизвика дополнителна паника и пад на акциите на кинеските компании, пишува бизнис порталот СЕЕбиз.

Претходно неделава, регулаторот ја казни водечката технолошка компанија Тенсент заради тоа што измамиле потрошувачи со симболична финансиска казна. Регулаторот за заштита на конкуренцијата, им нареди на нивната подружница, Tencent Music, да ги раскинат ексклузивните договори за лиценца за авторски права, што ги добија со купувањето на China Music во 2016 година.

ЕТФ на кинескиот технолошки индекс падна за 15 проценти до средината на неделата. Се очекува компаниите за технологија и образование да загубат повеќе од 1.000 милијарди американски долари од пазарната капитализација од рекордните нивоа во февруари.

Берзите на почетокот на август донекаде се смирија со објавување на кварталните резултати на американските технолошки компании. Резултатите во голема мера ги надминаа очекувањата, а некои разочарувања од инвеститорите може да се видат во изгледите за наредните квартали. Најизненадувачки беше матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“, која оствари речиси 200 проценти раст на профитот и 60 проценти на приходите во вториот квартал во однос на истиот период минатата година.