Skip to content

07/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Катастарот ќе исправа грешки за сосопственички делови на имотен лист

25/10/2019 14:16

Катастарот ќе ги исправа грешките настанити при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните, до кои дошло при преклопот на дигиталните со аналогните планови. Поради таквите грешки, на имотни листови, на територијата на Скопје во населбите Ѓорче Петров, Драчево, Волково, Сарај, но и во други делови на државата, се јавуваат и повеќе сопственици на една парцела. Има примери кога за земјиште од 500 квадрати се јавуваат и по 20 сопственици.

Со измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности од 18 јуни годинава, за коишто во изминатите две недели се завршени и подзаконските акти, граѓаните веќе да достават барање до катастарот кој бесплатно ќе ја поправи грешката. Со тоа ќе се отстранат ограничувањата за располагање со земјиштето, тоа да се дава на подарок, да се продава, да се става под хипотека…

Како што информира директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев ќе се бришат грешките за соспственичките делови кои се запишани во имотен лист, а кои се однесуваат за површини во рамки на пет проценти од вкупната површина на катастарската парцела. Граѓаните треба да си достават барање за исправка на грешка и тие што се во рамки на пет проценти од површината ќе се бришат по службена должност односно без никаков надомест.

За деловите кога граничната парцела ќе надмине повеќе од пет проценти од вкупната површина  доколку има разбирање  со соседите ќе може да се постапува со изјава на нотар дека е прифатена новата гранична линија без да се водат скапи судски  спорови што чинат повеќе од самото земјиште.

Станува збор за измени на грешки што се направени  при примена на различни техноогии, односно воспоставување  и запишување на правата врз основа на дигитален премер и  дигитални катастарски планови во однос на  аналогните планови односно податоците од катастар на земјиште. Притоа се настанати многу грешки кои имаат направено голем број проблеми во самите имотни листи во делот на сопственичките права односно во листот А каде се запишани правата на недвижности.

– Во постапката на воспоставување на катастарот на недвижности сите аналогни планови се дигитализирани. Во таа постапка на дигитализација самиот преклоп на дигиталниот катастарски план кој е основа за утврдување  на границите на катастаракста парцела со која располагате правата се влечени за во листот А од катастарот на земјите. Во постапката на дигитализација доколку мало отстапување во самиот процес на  дигиталзиација не е соодветно дигитализирано правата се влечени од соседната  парцела во која дошло преклопување. Затоа има имотни листи кога со еден или два квадрата земјиште е впишан соседот. Тоа не е грешка која ја направил граѓанинот, туку во  постапката на дигитализација и воспоставување на катастарот на недвижности, појасни Тунџев на средба со новинари.

Со измените на законот се нуди решение и за проблемот на впишување сосопственички дел на имот во сопственост на државата. Тоа е направено исто така при воспоставување на катастарот на недвижности, во случаи кога граѓаните намерно или случајно узурпирале дел од државен имот и тој дел сега е запишан  во нивниот имотен лист без можност за решавање.

Државата по службена должност ќе го одвои нејзиниот дел за да може граѓаните слободно да располагаат со имотниот лист и да го употребуваат за други постапки, како договори за подарок, купопродажба, ставање под хипотека. Сега за такво нешто треба да се обебзбеди согласност или првин да се понуди на сосопственикот кој во парцелата има на пример 10 квадрати.

– Најдено е решение, исто така со поднесено барање но и по службена должност делот кој е на Македонија физички ќе го двоиме во посебна парцела со посебен број со цел имотните листи на граѓаните да бидат чисти без никакви сосопственички односно идеални делови.  Во други постапки дали со носење детални урбанистички планови или откуп на тоа земјиште претежно во  градежните реони тие ќе имаат право да го дооформат или докупат согласно со донесените урбанистички планови, но во реалниот живот во моменталната состојба тој сосопственички дел нема да им прави проблем да си располагаат со сопствениот имот, појасни Тунџев.

Според него, со законските измени ќе се исправат  најголем дел  од случаите, освен оние каде има нарушени меѓусоседски односи.

 

 

 

2019-10-25 14:08:08, од Лидија Велковска

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Како Бафет претвори 100 долари во 6 милиони долари и го надмина СиП 500 повеќе од 134 пати
07/04/2026 20:04
ФТ: Енергетската криза го зголемува јавниот долг на ЕУ, Брисел повикува на итна координација
07/04/2026 17:04
„Стандард и Пурс“ го потврдија рејтингот ББ- со стабилен изглед: фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација
07/04/2026 17:04
„Фајнанс тинк“: Ограничен, но не и неважен преносен ефект од глобалната цена на нафтата врз инфлацијата
07/04/2026 16:04

Битка за ССМ: Екс претседателот Живко Митрески добил на суд, за актуелното раководство е обид да бидат замолчани
07/04/2026 15:04
Годишната инфлација во март скокна на 4,9 отсто
07/04/2026 14:04
„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%
07/04/2026 14:04
Станбена криза во ЕУ: Унгарија со рекорден скок на цените на недвижностите
07/04/2026 13:04

Најчитани


  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење