Катар ервејз подарува 100.000 билети за медицински работници од светот


Катар ервејз им подарува 100.000 бесплатни авионски билети на сите медицински работници ширум светот во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата со Ковид-19, објави денеска компанијата.

Билетите ќе бидат достапни за резервација од утре – Меѓународниот ден на медицинските сестри / техничари. Со тој потег компанијата им се заблагодарува за она како што се наведува – херојски чин на посветеност од страна на медицински професионалци ширум светот.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации од 12 до 18 мај годинава.

Професионалните здравствени работници можат да се регистрираат за таа специјална понуда на qatarairways.com/ThankYouHeroes со пополнување формулар и примање специјален промотивен код, заснован на системот „прв пријавен – прв услужен“.