Кастриот Реџепи ќе разјасни што се случило со неговото непојавување во Собранието


Пратеникот Кастриот Реџепи денеска во Собранието ќе одржи прес-конференција, на која, како што претходно најави, ќе разјасни што се случило со неговото  непојавување во Собранието, на седницата нан која требаше да се гласа за доверба на Владата.

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, во петокот на 12 ноември преку објава на Фејсбук, информираше дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, откако тој не дојде во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата. Касами, претходно, информираше и дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто не бил достапен.

Реџепи, како што доопшти МВР, истиот ден своеволно одошол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Кастриот Реџепи не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата на 11 ноември. Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило