Карпош и Ѓорче Петров без струја
Поради дефект на 110-киловолтна трафостаница „Запад“, без електрична енергија вечерва останаа жителите на Кондово, Сарај, Ѓорче Петров, Тафталиџе и Карпош.
Од ЕВН Македонија соопштија дека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен за да го санираат дефектот.
Во меѓувреме корисниците се префрлуваат во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.
Претходно објавивме дека во Карпош и Ѓорче Петров од пред половина час нема електрична енергија.
Од ЕВН изјавија дека утврдуваат што е причината за прекинот на струјата.