Карпентер: Победивме, ОБСЕ ќе продолжи!


 

Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер, на прес-конференција со новинарите соопшти дека клучните проблеми на Организацијата се решени, дека Малта ќе биде следниот претседавач, а мандатите на генералниот секретар и на трите други клучни функции се продолжени за уште девет месеци. Станува збор за преставниците за малцински права, за слободата на медиумите и за ОДИХР. 

„Искрено, ова е победа во однос на оние кои се прашуваа дали постои можност за договор. Ќе продолжиме да го користиме ОБСЕ за целите за кои беше создадена и обезбедувањето на нејзината функционалност е победа за нас“, рече Карпентер. 

Тој ги нарече лаги и манипулации обвинувањата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров дека ОБСЕ и западните земји го дестабилизираат Балканот, нагласувајќи дека Лавров е експерт во префрлањето на вината за состојбите  на други. Тој порача дека Русија се чувствува многу неконфорно со позициите во ОБСЕ бидејќи е политички изолирана со ставовите.