Каролина за Нова година ќе пее во Охрид
Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ги објави имињата на изведувачите кои ќе ги забавуваат граѓаните за новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Охрид.
Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, Take 5, DJ Gec и DJ Face ќе настапат на 31-ви декември, а пак наредниот ден, на први јануари, ќе следи дневна забава со Сара Мејс и „Балканикос Бенд“.
Поп-ѕвездата ќе настапи на предновогодишна забава на 21 декември (сабота) во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на Џевахир Мол Скопје, заедно со Игор Џамбазов, Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара. каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди. Забавата е во организација на општина Аеродром.
Каролина имаше успешни настапи во шест града во Германија во ноември и декември, со која финишираше турнејата која започна во март, низ Македонија.