Каролина на германска турнеја во ноември и во декември


Tурнејата на Каролина која започна на 1 март продолжува во Германија, со 6 концерти во 6 различни града!
Во организација на Авалон и Legacy Event, Каролина, во живо со својот бенд и со 120 минутна “best of” програма ќе настапи во:
– Штутгард – 23.11.2024 – Osterfeldhalle
– Нирнберг 26.11.2024 Z-BAU
– Дизелдорф – 29.11.2024 – Centurium
– Мајнц – 01.12.2024 – KUZ Werkhalle
– Хамбург – 13.12.2024 – Markthalle
– Берлин – 16.12.2024 – Columbia Theater
 
Станува збор за турнеја во еминентни сали и концертни простори во кои имаат настапувано многу интернационални и германски артисти.
Продажбата на влезници за германската турнеја на Каролина започна од  6 септември на ticketx.mk.
Влезниците, по цена од €39 во претпродажба за секој од 6- те концерти ќе бидат во продажба онлајн на ticketx.mk, а доколку се’ уште ги има, ќе можат да се набават и на влез на концерт по цена од €49.
Пролетната турнеја низ Македонија Каролина ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Гостивар. Настапи и на настанот „Ѕвездена симфонија“ на 3 јули во нејзината родна Битола заедно со Камерниот оркестар.