Каролина или Марјана: Црвена боја, две моќни жени


Две славни дами, со различни кариери, ама ги краси убавина и стил. И двете во фокусот на јавноста со моќни црвени тоалети.

Поп-ѕвездата Каролина Гочева која ретко ја гледаме во црвено, блесна во кампањата на А1 во црвената долга тоалета на Роберт Ивановски.

Марјана Станојковска, како водителска ѕвезда на ТВ и гала настани, која често ја гледаме во црвено, блесна во волуминозна долга тоалета од тул на Бјанка Споза како водителка на интернационалната вечер на штотуку завршениот „Охрид фест- Охридски трубадури“  на Долни Сарај во Охрид. 

Црвената боја често се поврзува со моќ, самодоверба, страст и привлечност, и одлично им прилега на дами кои сакаат да остават впечаток. Црвената боја е една од највпечатливите и тешко се игнорира. Асоцира на енергија, храброст и одлучност. Ја нагласува женственоста и често се доживува како сензуална и смела. Остава впечаток на авторитет- со црвениот фустан, кармин или детали ја одразува жената која знае што сака. Не значи дека жената е моќна или убава затоа што носи црвено. Почесто е обратно, жена која веќе има самодоверба може свесно да избере боја што ја засилува таа порака. (Л.С.)