Каролина Гочева позитивна на Ковид-19, го одложи концертот во Охрид


Фото: Б. Грданоски

Каролина Гочева- Корубин  е позитивна на коронавирус. Поп-ѕвездата се огласи на социјалните мрежи каде истакна дека се тестирала бидејќи не се чувствувала добро.

-Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен, напиша Каролина.

 

 
Во исчекување на новиот албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, фановите, под ѕвездено небо, на Стадионот на Армијата на 2 јули ги слушна нејзините најголеми хитови низ 30-годишната кариера- од поп до етно.

 

Организаторот „Авалон“ се погрижи концертот да биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликува на ѕвезда како Каролина.

 

Фото: Б. Грданоски

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции,  публиката на стадионот, но и таа на кејот на Вардар, уживаа во хитовите „Хипокрит“, „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ …