Каролина Гочева-Корубин жртва на сајбер криминал


Поп-ѕвездата Каролина Гочева- Корубин на својот официјален инстаграм – профил сподели фотографија од нејзин лажен профил и ги замоли своите следбеници доколку можат да ја пријават страницата со предупредување дека наградната игра која ја промовира тој профил е лажна.

Фото: Принтскрин / Instagram

Според наградната игра Каролина доделува од 20.000 до 100.000 денари, начинот на добивка е многу едноставен, а покрај Каролина во ова „дарување“ е „вклучен“ и сопругот на пејачката, уметникот Михаил Корубин.

 

На лажниот фејсбук – профил на кој е спроведена лажната наградна игра се поставени фотографии од Kаролина, како и фотографии на кои се прикажани големи суми на пари, евра, долари и секако детално се наведени правилата за учество.

Фејсбук – профилот  на кој се спроведуваа оваа лажна наградна игра сè уште е активен и по апелот да Каролина истиот да се пријави од страна на повеќе корисници на оваа социјална мрежа за да биде исклучен.

Лажен профил на Фејсбук со име на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски повторно беше отворен кон крајот на минатата година, пак со името Елизабета Пендаровска, а не Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваa лични информации на граѓаните и на него имаше објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани по 5.000 евра.

За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена беше и самата Ѓоргиевска, како и Кабинетот на претседателот.