Карневал во Венеција


Италија- Во еден од најубавите градови во светот почна традиционалниот карневал, којшто ќе трае до 21 февруари.

Мотото на карневалот во Венеција оваа година гласи: „Оддели време за оригиналните симболи“, а организаторите со него сакаат да потсетат на почетоците на карневалските прослави во Италија.

Историјата на карневалскиот фестивал во Венеција достига до средниот век, а тој е еден од симболите на градот и секако магнет за туристите – доаѓаат стотици илјади посетители. Венецијанскиот карневал е познат по своите раскошни костуми и карневалски маски, тие ќе можат да се видат низ уличките на еден од најубавите градови во светот до 21 февруари.