Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон, прв пораз на Ѓоковиќ на лондонската трева по шест години
Карлос Алкараз победи во финалето на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Вимблдон откако во финалето по речиси пет часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 1:6, 7:6 (6), 6:1, 3:6, 6:4.
Алкараз ја освои својата втора грен слем титула по освојувањето на УС Опен минатата година, а на Ѓоковиќ му се реваншираше за поразот во полуфиналето на Ролан Гарос во мај, кога, според негово признание, беше уништен од голема трема и нервоза. Сега води со 2:1 во директните натпревари против Ѓоковиќ.
Two champions that treated us to an all-time classic ✨
Thank you, @DjokerNole and @carlosalcaraz 👏#Wimbledon pic.twitter.com/P3SAca0gET
— Wimbledon (@Wimbledon) July 16, 2023
Ѓоковиќ почна фуриозно и убедливо го доби првиот сет, а еден од клучните моменти на мечот се случи во тај-брејкот од вториот сет кога Ѓоковиќ со лош бекхенд ја упропасти топката за 2:0 во сетовите при 6:5, за Алкараз да добие уште два бода и да израмни.
Шпанецот потоа целосно се реваншираше во третиот сет, но Ѓоковиќ за чудо се врати во четвртиот. Во петтиот сет Алкараз му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ за 2:1 и го задржа брејкот до крајот за голема победа над 16 години постариот ривал.
🇪🇸 𝗡𝗔𝗗𝗔𝗟𝗖𝗔𝗥𝗔𝗭 🇪🇸@RafaelNadal 🤝 @carlosalcaraz #Wimbledon pic.twitter.com/imB0nbhRxK
— Wimbledon (@Wimbledon) July 16, 2023
Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24. Грен слем титула, а пропушти да го израмни апсолутниот тениски рекорд бидејќи Маргарет Корт освои 24 Грен слем турнири, во периодот од 1960 до 1973 година. Ѓоковиќ не успеа да се израмни со Федерер по бројот на титули на Вимблдон, кој има осум титули, додека Ѓоковиќ остана на седум.
Алкараз (20) стана најмладиот победник на Вимблдон од 1986 година, кога тогаш 18-годишниот Борис Бекер го подигна пехарот.