Кардашијан-Џенер со нов парфем: Вака мирисаат мајките и ќерките  

САД- Ким Кардашијан-Вест се здружи со сестрите Кајли, Клои и Кортни за парфемите во изминатата година – но за Денот на мајката, таа го промовира новиот парфем за прв пат со мајка си Крис Џенер. Ќе се лансира на 15 април, а новиот парфем се опишува како „безвременски“ и „за сите генерации“ кој ја слави „безусловната врска “ меѓу „мајка и ќерка“.

„Создавањето мирис заедно со Ким на време за Денот на мајката беше магично! Разговаравме да го правиме ова со години, така што да се види дека нашата заедничка визија се оживува беше неверојатно“, вели Крис, менаџерката на сите ќерки.

„Ким и јас имаме слични вкусови и затоа можевме да го исполниме сонот. Двете сакаме класични парфеми кои мирисаат на чисто“.

Парфемот KKW x KRIS е со дрвенеста нота, која на почеток е цветна и слатка, но брзо се преобразува во софистициран и топол мирис. Кардашијан Вест забележува дека мириса точно како мајка ѝ која „секогаш мириса неверојатно“.

-Дизајнот на шишето е инспириран од неутралната палета на бои во мојот дом, знаејќи дека ќе изгледа убаво во секоја бања , но исто така ја означува и блиската врска помеѓу мајка и ќерка“, изјави Ким Кардашијан.

Кардашијан Вест ќе донира дел од профитот за добротворни цели со оглед на коронавирусот.

„Како одговор на кризата со пандемијата која ги погодува семејствата и децата, 20% од профитот од целата продажба на KKWFRAGRANCE.COM од 15 април до 5 мај ќе биде донирана на @blessingsinabackpack, организација која обезбедува храна за време на викендите за деца ширум Америка кои инаку би можеле да останат гладни “.

Мирисот KKW x KRIS чини 40 долари и ќе биде достапен за купување на 15 април во 12 часот PDT само на KKWFragrance.com.