Карантин од 1 јули во Аргентина


Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандес, изјави дека ќе ги заостри мерките на карантин во Буенос Аирес и периферијата од 1 јули, поради зголемениот број заразени.

„Повторно ќе го затвориме подрчјето на Буенос Аирес за да се намали ширењето на вирусот“, рече Фернандес во петок вечерта и додаде дека од 1 јули граѓаните ќе бидат повторно во карантин во своите домови, а ќе можат да излезат само за набавки.

Според него, карантинот ќе биде на сила до 17 јули, а до тогаш ќе работат само основните служби.

Карантин во главниот град на Аргентина беше воведен на 20 март, а последните недели тие мерки беа постепено облажувани.

Аргентина има речиси 44 милиони жители, а бројот на заразени е 52.444, додека од Ковид-19 умреа 1.167 лица.

Фернандес рече дека Буенос Аирес со периферијата, каде живеат 14 милиони жители, останува најзагрозено пордачје.