Каракачанов се заканува дека Македонија уште долго ќе чека пред портите на ЕУ
„Не може со инает каков што гледаме во Скопје да се оди во ЕУ“, порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана
По неколку дена затишје околу новогодишните празници, повторно нови провокации од Бугарија во врска со спорот со Северна Македонија, кој се провлекува со месеци наназад. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во гостување во емисијата „Ова утро“ на бугарската национална телевизија БТВ ги повтори ставовите и заканите за Македонија.Тој порача дека ако Северна Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија и како земја која што ги определува условите, уште долго време ќе чека да влезе во ЕУ.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука