Каракачанов: С. Македонија може да добие датум за преговори во јануари ако го потпише анексот со 12 точки
Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во емисијата „Офанзива со Лубо Огњанов“ на бугарска „Нова ТВ“, истакна дека земјава имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
„Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори“, вели вицепремиеротна нашиот источен сосед.
Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува.
„Омразата се заснова на грубо и грозоморно фалсификување на историјата. Бугарија има негативна слика со навредливи квалификации во македонската свест. РСМ има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го дадовме“, рече министерот.