Каракачанов почна да ги политизира бугарските вакцини за Македонија

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија БНТ рече дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од ЕУ.

„Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. На крајот на краиштата Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Тие можат и
треба да се вакцинираат. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне, се разбира ако сакаат, тоа е доброволно“, рече Каракачанов.

Во интервјуто не заборави  да ги спомене и Македонците кои извадиле бугарски пасоши, кои според него бројат околу 120.000.