Каракачанов: Бугарија ќе каже дека не е време за меѓувладина конференција
Нова најава за потегот на Софија кон Скопје: „Ќе кажеме дека не е време да се закаже прва меѓувладина конференција“, изјави Каракачанов, нагласувајќи дека „зборува во име на владата“, пишува Дојче Веле.
„Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година Бугарија многу јасно изјави дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана“, Красимир Каракачанов за ТВ „Европа“.
Како што пренесува новинската агенција Бгнес, тој додал дека поранешниот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, три години не сторил ништо за подобрување на билатералните односи.
„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена, Драги Ѓоргиев (копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања) беше груб. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.
Целиот текст ТУКА