Караџовски: Лицата што се во изолација ќе се попишуваат кога ќе им заврши
Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изјави дека тој не одлучува дали ќе има попис или не.
Посочи дека пред два ипол месеци било побарано од Комисијата за заразни болести да изработи протокол и оти со тоа завршува нивното стручно мислење.
– Во моментов, епидемилошката состојба е комплицирана, но јас не одлучувам дали ќе има попис. Ако јас одлучувам за се, јас би се викал заменик-премиер. Ние сме го дале стручното мислење преку протоколот, рече Караџовски во емисијата „Само интервју“.
Препораките во протоколот се маска, дистанца и негрупирање, а за лицата кои се позитивни, рече дека ќе се попишат кога ќе излезат од изолација.