Караџовски: Крајно време е да се усвојат мерките што ги предложи Комисијата


Крајно време е утре да се усвојат мерките кои Комисијата за заштита од заразни болести, тврди д-р Жарко Караџовски.

Тој вели дека има кадар, има опрема, има како да се носиме со ситуацијата.

– Многу лесно е да се прогласи локдаун, но болничкиот систем се уште не колабира – вели Караџовски.

Појасни дека ја следи состојбата во земјите, па Шпанија Франција, Словенија, Франција, воведуваат локдаун.

– Се обидуваме да воведеме рестрикции со кои ќе го одбегнеме полицискиот час – вели Караџовски, затоа што тој полициски час различно делува на луѓето, некои се депресивни, некои исплашени, некои анксиозни.

– Имам еден куп коморбидитети, и зрел сум за пензија до година. Но, немам намера да се откажам од работата сега – вели Караџовски.

Смета дека е заедничка работа борбата со Ковид-19. И сите епидемиолози и пет министри да се соберат, нема да се поправи состојбата, ако сите заедно не се потрудиме.