Капсулата Орион на НАСА стигна до Месечината и направи прекрасна фотографија


 

Леталото Орион на НАСА, во понеделникот стигна до Месечината, откако прелета 130 км над Месечевата површина и сега ќе почне да влегува во пошироката орбита. Капсулата, во која место посада има три кукли со сензори за мерење вибрации, космичко зрачење и останатите услови во вселената, а на Месечината ѝ пријде од темната страна која не се гледа од Земјата.

Поради получасовниот прекин на комуникацијата контролорите на летот во Хјустон не знаеја дали движењето на Орион поминало добро сѐ додека капсулата не се појави од видливата страна на Месечината, на оддалеченост од 375.000 километри од Земјата. откако сигналот повторно беше воспоставен пратена е снимка на Земјата, „ситна сина точка“ во темнината.

Видеоснимката од Месечината и нашата синобела планета оддалечена повеќе од 370.000 км ги остави без здив вработените во Вселенскиот центар во хјустон, средиштето на контролата на мисијата, рече дирекоторт на надзорот на летот Џад Фрилинг, велејќи дека и самите контролори на летот биле „апсолутно одушевени“ од глетката.

Прва капсула по Аполо

Орион мораше да ја заокружи Месечината за да добие доволно брзина за влез во широката овална Месечева орбита. Ако сѐ се одвива според палнот, во петок мототрите на Орион ќе се активираат уште еднаш и ќе ја постават капсулата во орбитата.

Капсулата во понеделникот стигна до Месечината прв пат по програмата Аполо на НАСА пред 50 години. Летот до Месечината е клучна точка на пробниот лет вреден 4,1 милијарда долари, започнат мината среда.

Идниот викенд Ориот треба да го собори рекордот на НАСА на оддалеченот на вселенско летало дизајнирано за астронаути, а тоа е оддалеченоста од околу 400.000 километри од Земјата, кој го постави Аполо 13 во 1970 година.

Потоа ќе продолжи да лета за идниот понеделник да стигне на најголемата оддалеченост од Земјата од речиси 433.000 километри. Капсулата ќе помине речиси една недела во орбитата на Месечината пред да тргне назад, а слетувањето во Тихиот Океан е планирано за 11 декември.

Ракетата Space Launch System (SLS), најсилната која НАСА некогаш ја направила, покажа исклучителни перформанси во својот дебитантски пробен лет, рече за новинарите водачот на мисијата Мајк Сарафин.

Додаде дека стручните тимови сега се занимаваат со два проблема кои се бараат исклучително обиколни решенија – еден е навигациското следењ, а другиот е прашање за енергетскиот систем.

Ако помине пробниот лет со куклите успешно, астронаутите на лет околу Месечината и назад ќе одат во 2024 година, а ако и таа мисија помине во најдобар ред, слетување на две лица на Месечината се очекува во 2025 година.