Кантегрел нов голман на РК „Вардар“

Актуелниот европски и македонски ракометен шампион „Вардар“ денес на клупскиот Фејсбук профил објави дека Робин Кантегрел ќе ја засили голманската позиција.
„Црвено-црните“ и 25-годишниот Французин потпишаа договор за двегодишна соработка.
Кантегрел во „Вардар“ доаѓа од „Сесон Рен“.