Канје Вест во трка за претседател, замислете ја Ким Кардашијан прва дама

САД – Раперот Канје Вест (43), втор на листата на Форбс најбогати музичари, кој ги повикува слушателите во една песна да „стигнат до sвездите, па ако паднат, да слетаат на облак“, објави дека го предизвикува Доналд Трамп во трката за претседател на САД годинава.

„Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со тоа што ќе веруваме во Бога, обединувајќи ја нашата визија , ја градиме нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите Држави!

Тој не понуди дополнителни детали за неговата кампања, четири месеци пред изборите во ноември.

Ким Кардашијанс и Кање Вест, 2015

Вест е еден од ретките во индустријата за забава, кој гласно ја изразува својата поддршка за Трамп.

Во 2018 година, тие се состанаа во Овалната канцеларија, а годинава, Вест му достави и долг монолог на претседателот за кој многумина сметаат дека е расистички, велејќи му дека го сака – на разочарување на многу демократи и колеги уметници.

Од 2018 година, неговата сопруга, реалити ѕвездата  Ким Кардашијан (39), формираше свои контакти со Белата куќа, таа успешно лобираше кај Трамп да помилува на осомничена за ненасилен прекршок со дрога.

Веќе со недели Трамп, критикуван за неговиот одговор и на пандемијата на коронавирус и на протестите против расизам, заостанува во анкетите зад неговиот демократски ривал Џо Бајден.