Канибализам меѓу патниците во контејнерот од Србија за Парагвај?
Според парагвајските медиуми, постои можност едно лице од контејнерот да се обидело да преживее јадејќи човечко месо.
Првите истраги укажуваат дека седум лешеви, колку што се пронајдени во контејнерот со вештачко ѓубриво кој од Србија стигна во Парагвај, може да припаѓале на илегални мигранти.
Патологот Роза Ромеро за весникот „Насион’ вели дека постои можност да имало случај на канибализам, дека едно лице јадело човечко месо заради недостаток на храна, но дека тоа ќе може да го потврди дури по обдукцијата.
Ромеро вели дека телата се во состојба на распаѓање ѓто наведува на заклучок дека умреле набрзо откако контејнерот ја напуштил Србија.
„Не се работи за деца, тоа се крупни луѓе“, вели Ромеро и додава дека мисли оти се работи за возрасни мажи.
Телата се пронајдени меѓу остатоците од вештачко ѓубриво, па не е исклучено дека можеби починале од интоксикација или гушење.
Во еден од шесте контејнери кои во Парагвај пренесувале ѓубриво од Србија пронајдени се седум черепи и човечки остатоци во поодмината фаза на распаѓање, потсетува парагвајскиот весник.
Претставник на компанијата која увезувала ѓубриво објасни дека човечките остатоци се пронајдени во четвртиот контејнер кој е отворен, а има уште два неотворени.
Стоката од Србија заминала во јули и досега не е познато дали на него имало заштитен печат пред да биде отворен во квартот Санта Марија во главниот град на Парагвај, Асунсион.
Обвинителот Марсело Салвадор соопшти дека пронајдени се седум лешеви, но дека не е исклучено да има и повеќе.
Сведоците наведуваат дека покрај телата се пронајдени лични работи на патниците, ранци облека како и документи на курилица и телефонски картички.
#ContenedoresSerbia Según los pasaportes de dos de las víctimas, se trata de jóvenes de 19 y 20 años, de nacionalidad egipcia y marroquí.
📌 Las autoridades continúan verificando el contenedor y los restos hallados.https://t.co/kLWoaLoEiQ
— ABC Digital (@ABCDigital) October 23, 2020