Кандидатурите на Јакимовски и Ванковска биле да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова, вели Мицкоски


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека кандидатурите на Јакимовски и Ванковска биле да го ослабат потенцијалот на нивниот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова. 
„Јасна е улогата на тие двајца кандидати, на Ванковска и на Јакимовски, дека тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа кампања“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу собирањето потписи за Јакимовски и Ванковска за кандидати за претседател.

„Нивната улога е да се обидат да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова, тие немаат друг капацитет, ниту пак потенцијал“,  рече Мицкоски.