Кандидатот за бугарски премиер сака да го ревидира Преспанскиот премиер


Пламен Николов

Пламен Николов, мандатарот за премиер на Бугарија од партијата Има таков народ, изјави дека би сакал да го ревидира Преспанскиот договор, затоа што неисполнетите обврски од него биле загрижувачки за Софија. „Неисполнетите обврски од Преспанскиот договор се особено загрижувачки за нас. Ние на ниеден начин нема да ги притискаме нашите браќа и нема да им ја одземеме можноста за европска иднина. Сепак, тоа не значи дека нема да ги браниме нашите интереси. Можеби ќе го ревидираме овој договор“, изјави Николов, според пишувањето на „Медијапул“.

Бугарија не е страна во Договорот од Преспа и не може да го ревидира, па затоа не е јасно на кој начин би го направила тоа.

Вчера во Бугарија се одбележааа 118 години од „Илинденско-преображенското востание“, како што така гнарекуваат таму. Потпретседателката Илијана Јотова на свеченоста во близина на градот Гоце Делчев изјави дека „Секој обид да се украде, да се промени историјата, да се поделат хероите на туѓи и свои се навреда за нивното сеќавање и многу строга казна за оние што се осмелуваат да го направат тоа. Бугарија нема да го дозволи тоа, ќе ја чува својата историја чиста и света. Не го прифаќаме јазикот на омразата и нашата цврста позиција веќе се слуша и во Европа“.

Според неа, Резолуцијата усвоена од македонското собрание за црвените линии во преговорите со Бугарија немало да помогне во процесот на разјаснување на позициите меѓу двете земји, во време кога дијалогот меѓу Софија и Скопје почнал да се развива.