Кандидатот на ГЕРБ со најмногу шанси да стане претседател на Народното собрание


Во бугарското Народно собрание се чека повторното гласање кое ќе покаже кој од двата веќе изгласани кандидати ќе стане претседател на оваа институција, што пак ќе биде и сигнал која партија има шанси да формира влада во Бугарија. 

Во првиот круг на гласање кандидатот на ГЕРБ, Росен Желјазков, доби 103 гласа во негова корист, откако беше поддржан и од партијата на Турците  ДПС. Кандидатот на Промените продолжуваат, Никола Минчев, доби 74 гласа. Него го поддржаа „Демократска Бугарија“ и еден пратеник од БСП. 

Кандидатот на ГЕРБ најверојатно во вториот круг ќе ја добие поддршката од „Бугарски подем“, кој претходно најави поддршка за мнозинскиот кандидат.