Канбера побара истрага, Пекинг и се закани со економски санкции


Австралија го повика кинескиот амбасадор за да ја објасни заканата од можен економски притисок врз Канбера, откако побараа меѓународна истрага за појавата и ширењето на коронавирусот.

Министерот за трговија Симон Бирмингем изјави дека Австралија е „клучниот снабдувач“ со руда и дека нејзините ресурси и енергија помогнаа во зајакнувањето на производството и градежништвото во Кина.

Неодамнешниот повик на Австралија да отвори меѓународна истрага за пандемијата на коронавирус ја налути Кина, нејзиниот најголем трговски партнер.

Кинескиот амбасадор во Австралија Ченг Џингије во понеделникот за еден локален весник изјави дека кинеските потрошувачи би можеле да ги бојкотираат австралиското говедско месо, вино, туризам и универзитетите.

Бирмингем денеска соопшти дека Министерството за надворешни работи го повикало Ченг за да ги објасни заканите.

„Австралија веќе нема да го промени својот политички став во врска со јавните здравствени проблеми како резултат на економскиот притисок или заканата од економски притисок, туку ќе го промени ставот за прашањата на националната безбедност“, рече Бирмингем за АБЦ.

Кинеската амбасада подоцна објави резиме на разговорот, во кој се наведува дека Ченг „целосно ја отфрлил загриженоста на Австралија“.

Ченг исто така рекол дека „не може да се скрие дека предлогот е политички маневар“, се додава во соопштението.

Бирмингем за Скај њуз изјави дека „австралиската влада изрази незадоволство“ во телефонскиот разговор.

Вредноста на трговијата со Кина изнесувала 235 милијарди во 2018 година и Кина е најголемиот и единствен пазар на Австралија за извоз на железна руда, јаглен, вино и говедско месо.

Австралија сака да одржува позитивни односи со Кина, но ќе ја побара својата шанса во Индија и Европската унија, рече Бирмингман. Трговската вредност со ЕУ е 114,3 милијарди американски долари, а со Индија 30,3 милијарди долари во 2018/2019 година.

И покрај ескалацијата на дипломатските тензии во 2018 година, кога Австралија воведе закони кои спречуваат странско влијание во земјата за која се смета дека ја насочила кон Кина, трговијата со таа земја се зголеми за 20 проценти.

„Кина ни треба. Не треба да го заборавиме критичниот увоз во кинеската индустрија, железната руда, јагленот и гасот доаѓаат од Австралија“, рече Џејмс Патерсон од владејачката Либерална партија за Sky News.