Канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт во 2026
Музичкиот директор на Метрополитен операта во Њујорк, за прв пат ќе диригира со Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија
За прв пат, Виенската филхармонија го покани канадскиот диригент Јаник Незе-Сегуин да го диригира Новогодишниот концерт во 2026 година.
Уметничката соработка помеѓу Јаник Незе-Сегуин и Виенската филхармонија започна на Неделата на Моцарт во Салцбург во 2010 година. Оттогаш, Незе-Сегуин редовно диригира со оркестарот на концерти во Виена и Салцбург, како и на турнеја. Еден посебен белег беше Летниот ноќен концерт 2023 под негова палка.
Претседателот на Виенската филхармонија, Даниел Фрошауер, ја нагласува важната улога на Незе-Сегуин со оркестарот:
„Виенската филхармонија ужива блиско и плодно уметничко партнерство со Јаник Незе-Сегуин од 2010 година. Како музички директор на Метрополитен операта во Њујорк , како и главен диригент на истакнати меѓународни ансамбли како што се на Оркестарот на Филаделфија, тој е пример за жанровите кои заедно го сочинуваат музичкиот јазик на Виенската филхармонија“.