Канадската влада не им дозволува на Репторси да играат во Торонто


Канадската влада го одби барањето на Торонто Репторс да игра кошаркарски натпревари во претстојната сезона во НБА лигата во тој град поради пандемијата на новиот коронавирус.

Таквата одлука е донесена затоа што во САД „кружи премногу вирусот Ковид-19“ за да се дозволи патување преку границата, што не е неопходно.

Според локални медиуми, постои можност во одреден момент следната година, таа одлука да биде преиспитана.

Натпреварите од сезоата 2020/2021 ќе ги играат во Тампа на Флорида, соопштија од клубот.