Канада и САД ја затвораат заедничката граница


Канада и САД ја затвораат заедничката граница за патувања кои не се неопходни, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој истакна дека трговијата нема да биде засегната поради времената мерка, додавајќи дека деталите ќе бидат дополнително објавени.

Официјална Отава ги повика Канаѓаните кои се во странство да се вратат во својата татковина додека се уште можат.

Канадскиот министер за транспорт Марк Гарно вчера потврди дека сите канадски државјани можат да се вратат, вклучувајчи ги оние кои возат од САД кон земјата.