Канада дозволи употреба на вакцината на „Модерна“


Канада денеска издаде дозвола за употреба на вакцината која ја разви компанијата „Модерна“, соопшти Министерството за здравство.

Издавањето дозвола овозможи испорака на околу 168.000 дози од вакцината до крајот на оваа година.

Канада претходно во текот на овој месец издаде дозвола за вакцината која заеднички ја развија компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, а властите веќе почнаа да спроведуваат имунизација против Ковид-19 меѓу здравствените работници и повозрасните граѓани.