Кан, Венеција, Берлин, Торонто: Виртуелен филмски фестивал на Јутјуб


Дваесет филмски фестивали, вклучувајќи ги Кан, Венеција, Берлин и Торонто, ќе учествуваат во виртуелна манифестација што ќе овозможи бесплатно гледање на филмови на Јутјуб, објави aмериканскиот филмски фестивал Tribeca.
Фестивалот, насловен „Сите сме едно: Глобален филмски фестивал“ (YouTube.com/WeAreOne), ќе се одржи од 29 мај до 7 јуни, а ќе може да се гледаат играни филмови, кратки филмови, документарци и музички, како и ќе се следат и тркалезни маси.Точната програма сè уште не е објавена, а организаторите велат дека понудената содржина ќе биде мешавина од нови и стари филмови.

Дел од приходите од фестивалот ќе бидат донирани на Светската здравствена организација и добротворни цели, најавија организаторите.

„Честопати зборуваме за улогата што филмовите можат да ја играат во инспирирање и приближување на луѓето преку границите како би се смирил светот“, коментира директорката Џејн Розентал, додавајќи дека „на целиот свет во овој момент му е потребно смирување“.