Кан како модна писта-нема филм без црвен килим (фото)


Аишварија Раи, актерка и ексмис на светот

Франција– Канскиот филмски фестивал промовираше големи филмови и стилски икони  во текот на децениите, од Брижит Бардо до принцезата Дијана.

Алесандра Амброзио

Откако Канскиот филмски фестивал во 2020 година беше откажан поради пандемијата, раскошната филмска вечер на француската ривиера се врати со јубилејен фестивал кој за 75. години ветува дека ќе биде нешто нормално.

Џулија Робертс

Пред морето од камери, модната историја беше направена на црвениот тепих во Кан, како на пример кога во 1991 година Мадона прошета во сега познатиот конусен градник Жан Пол Готје, поставувајќи ја долната облека како надворешна облека. Ништо не е преголемо, како бизарниот фустан со бисквити од 2013 година, или премногу смело, како ризичната чипкана тоалета на Ева Херцигова во 2008 година…

Депика Падуконе, член на жирито

Од своето основање во 1947 година, Канскиот филмски фестивал отсекогаш бил подеднакво за модата како и за филмовите.

Алисија Викандер

Така е и годинава. Некои со задоволство позираат пред фотопаратите, а други сакаат да гледаат добри филмови. Јубилејниот Кан, годинава, во текот на 11 дена, до 28 мај е микс од ѕвезди од Холивуд и Боливуд. 

Фото: АП

Маријон Котијар
Тилда Свинтон и Идрис Елба
Тилда Свинтон