Камион турна бандера во центарот на Куманово

Камион попладнево турна бандера во центарот на Куманово. Движејќи се од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ кон улицата „Гоце Делчев“ со горниот дел ги закачил каблите при што ја повлекол и бандерата.
Случајот го потврди и СВР Куманово од каде информираат дека е извршен увид од страна на полицијата, а на терен се и екипи од ЕВН и од кабелскиот оператор кои работат на санирање на штетата.
 Сообраќајот во овој дел од Куманово е во прекин  oд 16:10 часот и се врши пренасочување.